(Видео) На СДС како партија која знае само како да приватизира непоимливо и е да набавува нови автобуси за Град Скопје

Реплика на Амар Мециновиќ кон Љубица Јанчева

На вчерашната седница на Советот на Град Скопје, советниците од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ повторно НЕ ја изгласаа Одлуката за набавка на нови автобуси. Во прилог репликата на советникот на #Левица – Амар МЕЦИНОВИЌ кон координаторката на советничката група на СДСМ во Град Скопје, Љубица Јанчева.

„Вашата партија и во Советот на Град Скопје е ДЕСТРУКТИВНА, како што е секаде каде што ќе дојде на власт. За одлуката за набавка на нови автобуси повторно навлегувате во некои детали, кои не ни треба тука да ги дискутираме.

Очигледно на СДС како партија што не знае да ги окрупни јавните капацитети, како партија која знае само да приватизира, ви е непоимливо да набавуваме нови капацитети. И тоа е проблем кој вашата партија го создаде.”