Доказите на Русија за постоење на биолошки лаборатории во Украина финансирани од САД

Откриените документи од страна на Министерството за одбрана на Руската Федерација кои сведочат за разработката на биолошко оружје во украинските лаборатории со поддршка на САД преведени на македонски јазик. Целосниот текст од документот (истражувањето) објавен од руското МНР може да го прочитате во прилог.

Околу биолошките лаборатории во Украина

Со финансиската и организациска поддршка на САД на територијата на Украина по 2014 година беше формирана мрежа од повеќе од 30 биолошки лаборатории ангажирани во научно-истражувачка работа за проучување на смртоносните болести како и на особено опасните патогени и вируси кои предизвикуваат чума, туларемија, антракс, колера итн. Нарачателот на овие истражувања е Управата за намалување на воени закани при Министерството за одбрана на САД.

Истражувањатa беа спроведени во трите основни насоки:

  1. Според изјавата на Пентагон, се вршеше мониторинг на биолошката состојба во регионите планирани за распоредување на воените контингенти во земјите-членки на НАТО. 
  2. Соевите на опасни микроорганзими беа редовно собирани и извезени во САД. 
  3. Беше спроведена научно-истражувачка работа за проучување на потенцијални агенси на биолошко оружје кои се специфични за овој регион, имаат природни жаришта и се преносливи на човек. 

Во текот на специјалната операција на вооружените сили на Руската Федерација од вработените во овие лаборатории кои се водени од националните интереси и патриотски погледи, на руската страна ѝ беа предадени документите кои сведочат за итно чистење од американските траги на остварувањето на воено-биолошката програма во Украина финансирана од Министерството за одбрана на САД. Така, се дозна дека Министерството за здравство на Украина ја постави задачата од 24 февруари оваа година целосно да ги уништи биоагенсите во лабораториите. Овој факт потврдува дека во Вашингтон и во Киев биле сериозно загрижени дека руските експерти ќе добијат непобитни докази за практична работа за засилување на патогените својства на микроорганизмите со користење методи на синтетичка биологија. 

Со тоа, пак, би биле обелоденети систематски нарушувања од страна на Украина и САД на меѓународната Конвенција за забрана на биолошко и токсично оружје за што повеќе пати предупредува Москва. 

Во овој контекст најголем интерес претставува проектот со кодово име UP-4. Цел на ова истражување беше одредување на болести на птиците кои претставуваат најголема опасност за луѓето како високо заразен грип H5N1 со стапка на смртност кај луѓето до 50 отсто. Вакви болести поседуваат максимален потенцијал за дестабилизација на епидемиолошката ситуација во конкретен регион во многу краток и ограничен временски период. 

Уште една од задачите беше проучување на маршрутите на миграции на птиците заради одредување на оние птици кои поминуваат преку територијата на Русија, а најмалку ги засегаат другите европски земји. Во корист на оваа верзија сведочат и податоците за намерно фаќање птици на руската територија со нивното натамошно транспортирање на територијата на Украина како и следење на нивниот повратен лет. Покрај тоа во текот на работата научниците ги одредија местата на најмасовно собирање на птиците каде би имало можност за инфицирање на јатата со особено опасен патоген. 

Спроведувањето на таквите истражувања може да сведочи дека американските и украинските воени биолози имаа намера да ги користат птиците како средство за достава на оружјето за масовно уништување. Таквиот пристап е еден од најнеразумните, најнечовечните и крајно неодговорните начини за водење борбени дејствија. Пак, со пуштањето на таквото ‘‘живо оружје‚‚ неговите креатори неизбежно ќе ја изгубеа контролата врз него, и епидемијата за неколку дена може да се прошири низ целиот постсоветски простор, а исто така да ја обземе и Западна Европа. Посебно вознемирува фактот за вршењето експерименти слични со проектот UP-4 покрај густонаселените региони на земјите на Европа кои се сметаат за сојузници на САД, чија безбедност, меѓутоа, американските ‘‘партнери‚‚ очигледно ја игнорираат.

Анализата на добиените информации го потврдува трансферот на повеќе од 140 контејнери со ектопаразити на лилјаци од лабораторијата во Харков надвор од Украина. Судбината на овие опасни биоматеријали е непозната, може да се претпостави дека тие се шират неконтролирано, вклучително и во Европа. Некои може да завршат во рацете на терористите. 

Другите документи со кои располага Министерството за одбрана на Руската Федерација сведочат дека украинските научници редовно ги праќаа примероците со биоматеријалите на заинтересирани лица и институции во странство. Беа испратени примероци не само на пренесувачи на болести (болви и слично), туку и на серум од крвта на претставници од словенскиот етнос. Овој факт укажува на тоа дека специјалисти од американските биолаборатории во Украина вршеа истражувања за влијание на патогените врз луѓето со одредена раса и етничка припадност. Ова може да сведочи за заинтересираноста на Пентагон за разработка на биолошко оружје со селективно дејство насочено врз одредени етнички групи (‘‘етничко оружје‘‘).

Покрај тоа, документите го потврдуваат фактот за постоење сопствена воено-биолошка програма реализирана од страна на Германија во Украина. Таа програма имаше за цел проучување на потенцијалот за смртоносните болести од типот на конго-кримската хеморагична треска во услови на Источна Европа. 

Така, во рамките на овој проект Германскиот институт за тропската медицина ‚‚Бернхард Нохт‘‘ организираше соработка со Центарот за јавно здравје на Министерството за здравство на Украина. Во текот на оваа соработка, украинската страна се обврза да испорача примероци на крвта од претставниците на словенскиот етнос од различни региони на земјата. Покрај тоа, германските специјалисти редовни беа со посети на украинските болници во градовите Киев, Харков, Одеса и Лавов каде што тие лично се запознаа со особеностите на текот на болестите кај локалното население. Проектот беше финансиран од Министерството за надворешни работи на Германија и од Бундесверот. 

Активностите на Германија кои се непознати на широката јавност претставуваат исто таква закана како и биолошките експерименти на САД и истите бараат натамошно детално проучување. 

Обелоденувањето на документите за работата на биолабораториите на САД во Украина имаше ефект на ‚‚експлодирана бомба‘‘ во меѓународниот информациски простор. Државниот потсекретар на САД, Викторија Нуланд, во својата изјава во Конгресот беше принудена да го признае постоењето на американските биолаборатории во Украина и не ги негираше обвинувањата за создавање забранети видови на оружје за масовно уништување во овие лаборатории. 

Во овој контекст портпаролот на кинеското МНР Жао Лиџианг изрази голема загриженост поради нехуманиот карактер на американската воено-биолошка програма и побара од Вашингтон да ги открие податоците за целите, задачите и содржините на програмата. Исто така, тој изрази иницијатива за организирање меѓународни инспекции во воено-биолошките објекти на САД. Конзервативните американски медиуми бараат веднаш да бидат затворени сите биолаборатории на САД надвор од земјата. Руската делегација во Советот за Безбедност на ОН постави прашање за целесообразноста на меѓународната истрага на американската воено-биолошка програма. 

Откриените документи неспорно сведочат за разработка на биолошко оружје од нов тип во украинските лаборатории од страна на САД.

Воено-биолошката дејност на САД во Украина ја нарушува конвенцијата за забрана на разработка, производство и акумулирање на резерви од биолошко и токсично оружје и претставува директна закана за биолошката безбедност, не само на Русија, туку и на државите од Централна и Источна Европа.