(Видео) Крмов: Ако не прекинеме со вазалската политика следи губење на државата

Во дебатната емисија „Само вистина“ пратеникот од редовите на Левица, Борислав Крмов зборуваше за надворешната политика која ја води оваа власт.

Според пратеникот, меѓународните договори потпишани од оваа власт покажаа дека колку попопустлива политика вои државата, толку помалку добива

„После Преспанскиот договор, нашите наивни политичари – аматери мислеа со додворување на политичарите од ЕУ и на западните политичари дека може сè да издејствуваат. Се гледа дека што повеќе се додворуваш, што повеќе виткаш кичма, всушност помалку добиваш.“

Нашата надворешна политика, Крмов ја спореди со онаа која ја води соседна Србија, нагласувајчи дека Србија преку неутралниот статус кон овој конфликт максимално ги заштитува своите национални интереси.

„Земји како Србија, што е надвор од НАТО и што конкретно во кризата со Украина, е единствената земја што е отворена за трговија и небото и е отворено за авиони на Руската Федерација – таа земја отвора поглавја за ЕУ, а ние не! Земји што си ги штитат националните интереси, тие добиваат.”