Македонија со победа против Италија во првиот бараж натпревар за Светското првенство Катар 2022

Вечерва стартуваше натпреварот во првиот бараж натпревар за Светското првенство Катар 2022, каде репрезентацијата на Македонија ја совлада екипата на Италија со голот на Трајковски во судиското продолжение.

ИТАЛИЈА 🇮🇹 0 : 1 🇲🇰 МАКЕДОНИЈА

Според последните информации од Фудбалскиот сојуз на Италија, околу 1.600 навивачи пристигнале од Македонија да ја бодрат македонската репрезентација од трибините на стадионот „Ренцо Барбера“

„Пред вечерашниот натпревар со Италија четирикратен светски и актуелниот Европски шампион. Сакам да ви посакам среќа за уште еден успех. Влогот е огромен и за Македонија и за Италија. Покажавте во Торино пред многу години дека го можете тоа. НАВИВАМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА!”, напиша Игор Ангеловски, поранешниот македонски селектор.

Во денешниот фудбал аутсајдери има само на хартија. Сето она што се случува на терен е сосема друга приказна. Според рејтингот, Италија е фаворит, но на терен за исходот на мечот во голема мера ќе се прашуваме и ние. Покажавме во текот на квалификациите дека имаме квалитет, како и сите други учесници во баражот и ќе се потрудиме тоа да го потврдиме“, изјави Благоја Милевски, селектор на македонската репрезентација.

Фудбалската репрезентација на Македонија забележа епска победа среде Италија и го исфрли европскиот шампион од конкуренција за пласман на СП во Катар.

На 29 март, Македонија ќе игра против Португалија за пласман на својот прв мундијал. Домаќин ќе биде Португалија, која со 3:1 ја победи Турција.