Апасиев: Во германската резолуција за „македонскиот идентитет“ не се споменуваат Македонците

Една од клучните вести минатата недела беше Резолуцијата за македонскиот јазик и идентитет, која беше изгласана во Бундестагот на СР Германија, согласно која оваа земја ги признава македонскиот јазик и идентитет. Оваа вест, во обид да го оправда велепредавството во најава на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ беше претставена како голем успех за државата, се со цел да се релативизира гневот од најавените уставни измени, кои согласно Софиската платформа ќе ја реализираат бугаризацијата на Македонија.

Пратеникот на Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи укажа на тоа дека во резолуцијата, чиј текст е подолг од пет страници, ниту еднаш не се споменуваат Македонците!

Резолуцијата на германскиот Бундестаг за “македонскиот идентитет” е пет страници текст и ниту еднаш (со бројки: 0 пати) не го содржи зборот МАКЕДОНЦИ!? Фала Шолц, не требало да се трошите.

Важно е да се напомене дека во резолуцијата за македонскиот јазик и идентитет, изгласана во германскиот Бундестаг се споменува ЛГБТ заедницата, малцинствата, па дури Русија и Украина, но во текстот на резолуцијата Македонците не споменуваат ниту еднаш. Оваа резолуција не беше поддржана од ниту една опозицика партија во Германија.