Акциите на руски „Гаспром“ вчера пораснаа за 28%

На почетокот на последното летно тргување, акциите на Гаспром нагло пораснаа, соопштија од руската берза за дивиденди. Акциите на „Гаспром“ само вчера пораснаа за 28% и моментално нивната вредност за тргување е 261 рубља по акција.

Максималната вредност веќе се зголеми за 35,3%, односно на 275,96 рубли, но, потоа следувапе враќање назад, па така во 10:19 часот, од московската берза соопштија дека акциите на оваа компанија се поскапени за 27,5%, односно една акција чини 260,27 рубљи.

„Има зголемување од 20,00% или повеќе во 10 последователни минути на тековната цена на акцијата од цената на затворањето на претходниот трговски ден (204 рубли).“ – стои во известувањето од берзата.

Големиот раст на цените започна откако компанијата објави дека ќе престане да снабдува гас преку Северен тек, додека трае планираното рутинско одржување. Исто така, одборот на директори препорача да се исплатат привремени дивиденди за првата половина од 51,03 рубли по акција, акционерите за ова прашање ќе разговараат на вонредна седница на 30 септември.

Прекинувањето на работата на гасоводот е поврзано со рутинско одржување на единствената работна пумпа за гас во компресорската станица Портоваја Трент 60, што ќе трае три дена – се очекува операцијата да биде завршена на 3-ти септември во 04:00 часот наутро по московско време.

Оваа проверка ќе ја спроведуваат специјалисти од Гаспром и Сименс. Германската компанија, во согласност со техничката документација, треба да го сервисира уредот на секои илјада часа: да го прегледа и исчисти куќиштето, да ги провери сигурносните вентили и да го прилагоди системот за контрола на протокот на воздух.

На крајот на јуни на акционерското собрание на „Гаспром“ беше одлучено компанијата да не исплати дивиденда за минатата година. Во исто време, на почетокот на јули, Државната дума усвои закон со што ќе ги зголеми овогодинешните приходи од данокот за екстракција на минерали за Гаспром – на 1,248 билиони за три месеци – поради даночната доплата.