Мицкоски и Димитров „уловени“ во разговор – Се спрема ли ново велепредавство?

Деновиве се случила средба меѓу Никола Димитров и Христијан Мицкоски, а истата се случила откако Димитров претходно најави дека ќе се враќа во политиката, а деновиве се пожали дека не го поканиле на Преспа Форумот.

Средбата помеѓу поранешниот Министер на СДСМ кој го менуваше името и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кој наводно се бореше против промена на уставното име на Република Македонија се случува непосредно по најавувањето дека Димитров се враќа во политиката.

На фотографијата се гледа дека Мицкоски зборува со Димитров, додека во позадина се гледаат Владимир Нелоски и Илија Димовски.

Балкански центар за конструктивни политики Солуција e името на новото политичко движење или новата невладина организација на поранешниот шеф на дипломатијата а потоа и вицепремиер за европски прашања.

Многумина оваа средба ја оценуваат само како потврда за тоа дека не постои разлика во политиката која ја водат СДСМ и ДПМНЕ по однос на националните интереси на Република Македонија. Ова станува се појасно по најавувањето на широката коалиција на овие две партии, чија главна цел е уште едни уставни измени за бугаризација на Македонија.