Протест: Да кажеме стоп за неказнивоста на убијците со возила

Во сабота, на 21 мај, најавен е протест под мотото Правда за Оли во врска со пресудата на судијката во Основниот суд Битола, Татјана Петровска, која пресуди 18 месеци затвор за сообраќајната несреќа во која загина Оли, брат на Бојан Петровски, кој е и еден од организаторите на настанот.

Протестот е закажан да биде на Плоштадот Магнолија во Битола, со почеток од 12 часот.

‚‚Да побараме правда за Оли, но да побараме ПРАВДА и за СИТЕ УБИЕНИ ВО СООБРАЌАЈКИ, бидејќи сведоци сме дека во последните неколку години, убијците во возила, згаснувајќи многу животи со своето бесно возење, поминуваат неказнето, или со прениски казни, изречени од страна на корумпираната судска власт во „нашата држава“ – се вели во соопштението.

Линк до настанот