Левица: ДКСК да истражи дали градоначалникот на Ѓорче Петров носел ДУП-ови во негова корист
Реакција на ЛО Левица – Ѓорче Петров.
Неколку месеци наназад во релативно брзи и нетранспарентни постапки донесени се голем број на Детални урбанистички планови за општината Ѓорче Петров. Ваквите постапки на членовите на советот на општина Ѓорче Петров и градоначалникот Наумоски, на крајот на нивниот четиригодишен мандат предизвикуваат оправдан сомнеж дека постои судир на интереси и активна, односно т.н. бела корупција на нивното однесување.
Сомнежот за корупција се состои од тоа дека измените на ДУП-овите се врши на катастарски парцели на кои имаат имот градоначалникот и членови на советот, односно членови на нивните семејства; и дека донесувањето на ДУП-овите предизвикало зголемување на нивниот, односно имотот на членови на нивното семејство. Поради сето ова, денес Левица до Државната комисија за спречување на корупција, поднесе две барања за пристап до информации од јавен карактер, кои се однесуваат на ажурирањето на анкетните листови на градоначалникот и членовите на советот.
Очекуваме дека ДКСК по „допрен глас“ ќе формира предмет и ќе го истражи евентуалното коруптивно однесување на инволвираните субјекти во постапките за донесувањето на голем број Детални урбанистички планови за општината Ѓорче Петров.
БЕТОНИЗАЦИЈАТА НА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ НА ПРОВЕРКА ВО ДКСК Неколку месеци наназад во релативно брзи и нетранспарентни постапки…
Posted by Левица – Ѓорче Петров on Friday, 5 February 2021