Си Зинпинг: Нема сила што може да го запре напредокот на Кина и кинескиот народ
За улогата на Кина во глобалната политика, претседателот на Кина, Си Зинпинг изјави дека „Нема сила што може да го запре напредокот на кинескиот народ и на кинеската нација“. Ваквата изјава е дел од неговиот говор во вторникот, за време на прославата по повод 70 години независност на Народна Република Кина.
Кинескиот претседател ја спомна и зголемената улога што Кина ја има во светот, додавајќи: „Ние сакаме да продолжиме да работиме со народите од сите земји со цел заедно да изградиме заедничка иднина за човештвото“.
По повод 70 години од револуцијата и победата на Комунистичката Партија на Кина во Кинеската граѓанска војна, Си Зипинг ја предводеше досега најголемата воена парада која се одржа во Пекинг. На парадата беа прикажани најсовремени воени оружја, од кои дел за прв пат беа презентирани пред јавноста.
Следејќи ја традицијата, Си беше облечен во сив мандарински костум и ја набљудуваше парадата од истото место на кое Мао во 1949 година го прогласи формирањето на Народна Република Кина. Парадата беше одржана на централниот плоштад „Тијанмен“, а почна со 70 почесни истрели од 56 топа, кои ги симболизираат сите кинески етникуми. Пред кинеското раководство продефилираа 15.000 војници, а учествуваа и повеќе од 160 авиони и 580 парчиња најразлична воена опрема.
Посебен интерес предизвика најновата кинеска интерконтинентална балистичка ракета. Станува збор за ракетата „донгфенг-41“, која има дострел од 13.500 километри и може да погоди цели во САД за само 30 минути. Ракетата лета со брзина 25 пати поголема од звукот и може да носи до десет боеви глави На парадата беше прикажан и новиот суперсоничен дрон за набљудување „др-8“, кој Пекинг ќе го користи заедно со системите за балистички проектили.
Парадата се одржува во период кога земјата се соочува со трговската војна против САД и про-американските протести во Хонг Конг, финансирани и поддржани од Западот. Сепак кинеската работничка класа успеа да покаже неверојатно ниво на огранизираност и сплотеност.