Здрава котлина:Рокот истече, граѓаните сами ќе се заштитат

Реакција на иницијативата „Здрава Котлина.”

Ги известуваме граѓаните од Струмица и струмичко, како и целокупната македонска јавност, дека Владата на Република Македонија и Собранието на Република Македонија не презедоа ништо во врска со нашето ЈАВНО БАРАЊЕ од 08.10.2016 година, во кое баравме конечно да се разреши проблемот со рудникот/рудниците на смртта. Заклучно со 16.10.2018 не добивме никаква повратна информација за тоа дали воопшто се размислувало за овој горлив проблем како тема за дневен ред на двете најважни институции во државата.

Согласно истото ЈАВНО БАРАЊЕ, ја информираме јавноста дека отсега ќе сметаме дека Владата и Собранието, без оглед на политичките констелации внатре, го избегнуваат проблемот и не сакаат да ја разрешат егзистенцијаланата закана за регионот од рудникот Иловица-Штука, но и тоа дека жителите на нашиот регион се препуштени на сами на себе, без заштита од државата која ги има сите правни и други основи за раскинување на договоро со концесионерот Еуромакс Рисорсис, а тоа не го прави.

Во таа смисла, информираме дека деновиве ќе ги повикаме граѓаните сами да се заштитат и да го решат проблемот со низа мерки и граѓански активности кои се во тек на разработка.

СТОП ЗА РУДНИЦИТЕ НА СМРТТА!