АктуелноЛокално

„Европски месец на креативноста“ во КИЦ

Културно-информативниот центар – Скопје, од 26 до 28 ноември го отвара Европскиот месец на креативноста во чии рамки ќе се реализираат следниве настани:

НОВИ ГЕНЕРАЦИИ – изложба на учениците од сликарски и вајарски оддел од ДСУЛУД Лазар Личеноски , под менторство на професорите Ѓорѓи Томовски, Елена Дуковска, Сокол Цфарку и Дејан Иванов – Маргуш.

На изложбата учениците ќе се претстават со скулптури, мозаици и цртежи.

Изложбата ќе се отвори на 26.11.2024 со почеток во 20.00 ч. во Продажниот ликовен салон на КИЦ – Скопје и ќе трае до 13.12.2024.

МУЗИЧКО ЕДУКАТИВНА РАБОТИЛНИЦА со млади уметници-пијанисти и професори од ДМБУЦ Илија Николовски – Луј и ФМУ – Скопје Модератор: проф. М-р Даница Стојанова – пијанист.

Работилницата ќе се одржи на 27.11.2024 со почеток во 12.00 ч. во Салон 19,19 на КИЦ – Скопје

ЛИКОВНА КРЕАТИВНА РАБОТИЛНИЦА со учениците од четврта година сликарска насока од ДСУЛУД Лазар Личеноски под менторство на проф. Дејан Иванов-Маргуш.

Работилницата ќе се одржи на 28.11.2024 со почеток во 11.00 ч. во Продажниот ликовен салон на КИЦ-Скопје.

Целиот настан е во рамките на европскиот проект CreArt и финансиски е подржан од Град Скопје