АктуелноЛокално

Сепак биле „сечени, лепени, монтирани“!

Вчера, на руски социјални мрежи (ова преоѓа во навика), излезе целата снимка помеѓу тогашниот премиер Никола Груевски и тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, во којa тие разговараат за смртта на младиот Мартин Нешковски.

Снимката од целиот разговор покажува дека сепак тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека таканаречените „бомби“ се „сечени, лепени и монтирани“ се точни. На снимката се слуша како Јанкуловска вели „се нервирам еј“ но не во контекст дека „не можеш едно убиство да скриеш“, туку од лагите и обидите за прикривање на свирепото убиство. Таа и тогашниот премиер низ разговорот изразуваат гнев кон Урко кој упорно пробувал неговите пријатели да ги смести на државни позиции. Еден од овие негови „добри пријатели“ е и Спасе, убиецот на Мартин Нешковски, за кого и Груевски и Јанкуловска велат „ќе јаде 30ка со кромид“ алудирајќи дека ќе лежи затвор за стореното дело. 

Низ разговорот Јанкуловска и Груевски посочуваат дека Спасе, како и други насилни припадници на МВР, мора да биде казнет за да не се создаде слика меѓу вработените во МВР дека може вакви постапки да поминат неказнето па така да се окуражат. 

Иако ВМРО-ДПМНЕ сепак сноси вина поради кадровските одлуки базирани само на блискост и лојалност, наместо и способност и чесност, тие далеку од тоа дека се обидуваат да го скријат случајот, ниту пак го оправдуваат делото – напротив.

ви рековме ние дека е свечено, лепено, монтирано: целиот разговор Груевски-Јанкуловска околу Мартин Нешковски

Публикувахте от Странски Служби в Четвъртък, 11 юли 2019 г.