САД посрамотени пред Управниот одбор на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА)

Бехруз Камалванди, портпарол на Агенцијата за атомска енергија на Иран

Техеран извести дека специјалниот состанок на ОН за нуклеарен надзор, кој се одржа по иницијатива за итен состанок токму на американскиот претставник во ОН, како и претставник во ИАЕА – Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA – International Atomic Energy Agency) Џеки Волкот (Jackie Wolcott) со цел да ја добие поддршката од Управниот Одбор на ИАЕА за нивните тврдења против Исламската Република Иран, се претвори во уште еден неуспех за Американците.

„Уште еден неуспех на САД при состанокот на Управниот Одбор на ИАЕА”,- изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Сејед Абас Мусави во средата, реферирајќи на состанокот на 35-члениот Управен Одбор на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА), кој се одржа претходниот ден во Виена и кој заврши без заклучок по расправата за иранската нуклеарна програма. 

“САД повторно се самоизолираа. Правната сила на JCPOA [иранскиот нуклеарен договор], активната дипломатија, како и плодната политичка и етичка евиденција на Иран ги блокираше сите патеки на арогантните кршачи на договорот”, додаде Мусави.

Состанокот се одржа непосредно после неколку дена откако Иран го зголеми нивото на збогатување на ураниумот на 4,5%, што е над границата поставена од страна на JCPOA. Ваквиот чекор е како дел од втората фаза од одлуките кои Иран ги донесе на 8-ми Мај, за редуцирање на своите обврски кои произлегуваат од мултилатералниот договор за нуклеарната програма од 2015 год (JCPOA), како реакција на прекршувањето на истиот договор од страна на САД и неактивноста на Европа. 

Иран подоцна барањето на САД го окарактеризира како “тажна иронија”, бидејќи Вашингтон е токму страната што го прекрши договорот, најпрво со еднострано отстапување, а потоа и со наметнувањето санкции врз Исламската Република. 

„САД се обратија на повеќе делегации пред да побараат специјален состанок, но на крај мораа сами да го поднесат барањето. Ние бевме информирани дека САД бараат формален исход од овој состанок, нешто како резолуција […], но бидејќи тие не се во позиција да ги убедат другите во своите тврдења, не произлезе никаков заклучок од истиот состанок.“- изјави претставникот на Иран во ИАЕА,  Казем Гариб-Абади веднаш по завршувањето на специјалниот состанок за Прес-ТВ.

“Мнозинството од членовите на Одборот го поддржаа JCPOA договорот, мултилатерализмот и ги осудија едностраните акции на САД“, додаде тој.

Рускиот претставник во ИАЕА, Михаил Уљанов, исто така по состанокот напиша на Твитер дека САД “практично се изолирани по ова прашање”. Уљанов им рече на собраните дипломати дека е изненадување што состанокот бил повикан токму од САД “земјата која го прогласила JCPOA како “ужасен договор”.

Европските земји како дел од JCPOA потфрлија во компензирањето на штетите од повлекувањето на САД од договорот во мај 2018 година и влијанието на нејзините санкции врз иранската економија. Но, и покрај фактот што одлуката на Иран да ги намали своите обврски според договорот беше направена по неуспехот на Европа да ја заживее својата обрска од договореното, тие го повикаa Иран да ги исполни своите обврски од JCPOA договорт.

Портпарол на Агенцијата за атомска енергија на Иран, Бехруз Камалванди претходно апелираше дека “садистичките тенденции на САД да употребуваат нелегални, еднострани и незаконски санкции како инструмент за принудување на суверени држави и приватни ентитети треба да завршат“.