Хипокризија

Веќе е повеќе од очигледно дека екскурзијата во Баку беше само купување време и лажен настап. После изјавата на Рамиз Мерко дека во Струга нема ниедна дивоградба, и неговиот охридски колега Константин Георгиески изјави дека дивоградби во Охрид имало колку на прстите од двете раце. Регистарот на дивоградби е тоалетна хартија, барем со таква намена на крај ќе заврши. Поддршка на оваа изјава даде и Едмон Адеми во последното интервју за Радио Слободна Европа на Македонски . Во Азербејџан читаше други реферати.

Советниците од О.К. ВМРО – ДПМНЕ Охрид и СДСМ Охрид молчат, веројатно повикувајќи се на старата „молчењето е злато“, а пред камери глумат некакви локалпатриоти. Онаму каде што имаат моќ и овластувања, не реагираат. Усеин бегот си владее, без поговор. Каде сака угостителски објект, каде сака бетонска база, каде сака и ќотек дава. Охридскиот градоначалник нема никаков интегритет, дури и му се потсмева дивоградителот, повикувајќи градоначалник на друга општина да го отвори нелегалниот објект.

Пред ДУИ сите молчат. Дури и Влада на Република Македонија, Зоран Заев. Ги проживуваме времињата на дивиот запад, во САД. Отстапките одат дотаму што наместо препораките на УНЕСКО, во предлог-законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот Регион се исполнуваат желбите на ДУИ. Кукавичјото јајце во форма на т.н. Бадентеровото мнозинство е дополнително внесено во текстот, иако првично го немало. И тоа без знаење на јавноста, онака прикриено. Транспарентноста е апстрактен поим за оваа влада.

Љубави, односно новиот претседател Стево Пендаровски, повторно со напишан говор, на отварањето на фестивалот Охридско лето кажува некакви заложби, иако нема да преземе ништо против дивите орки, бидејќи е немоќен пион на позиција. Сите ги затнале ушите, работат надвор од разумот, не ги есапат повиците за спас, за справување, за воведување ред.

Во меѓувреме, на делови од Охридското Езеро поставени табли за забрането капење. Водата од најлошите категории. Новото претпријатие за управување со колекторот, кое сите го спомнуваат, никако да проработи, еве скоро две години. Веројатно политичарите и носителите на јавни функции живеат на Титан, каде Охридското Езеро е чисто и бистро и нема дивоградби.

Фејсбук статус на Valdamarr Sveinaldsson.

ХИПОКРИЗИЈАВеќе е повеќе од очигледно дека екскурзијата во Баку беше само купување време и лажен настап. После…

Публикувахте от Valdamarr Sveinaldsson в Неделя, 14 юли 2019 г.