Левица: СДСМ и ДУИ манипулираа во Баку и воведуваат Бадинтер со исклучена јавност

Соопштение на политичката партија Левица.


„Откако владината делегација во Баку со лажирана фактичка состојба го пролонгира измачувањето на Охридското езеро од сопствените криминални бандити, сега во собраниска процедура пушта предлог-закон кој е во спротивност на верзијата која беше презентирана во Баку. Имено, оваа корумпирана и неспособна власт на СДСМ и ДУИ, со исклучена јавност и без никаква транспарентност, на Комисијата за култура се обидува да протне одредби кои не се во согласност со препораките на УНЕСКО.

Воведувањето член од Министерството за политички систем со кое раководи Садула Дураки, препознатлив по своето неспособно работење со Министерството за животна средина, ја погазува стручноста и сериозноста која треба да се справи со алармантната состојба во УНЕСКО регионот. Дополнително, воведувањето Бадинтер за овој регион преставува уште еден партиски договор на СДСМ и ДУИ кои преку уништувањето на Охридското езеро ги подмируваат своите партиски и бизнис интереси.

Ваквиот скандал само потврдува дека ќе продолжи заштитеното дивеење од локални моќници на ДУИ како советникот Нефи Усеини и дека оваа владеачка коалиција длабоко заглавена во корупција, нема никаков сериозен план и стратегија до февруари да го спаси статусот на Охридското езеро окупирано од партиски бандити, криминална урбанизација и 1000 дивоградби.”

СДСМ И ДУИ МАНИПУЛИРАА ВО БАКУ И ВОВЕДУВААТ БАДИНТЕР СО ИСКЛУЧЕНА ЈАВНОСТОткако владината делегација во Баку со…

Публикувахте от Левица / E majta / Levica в Петък, 12 юли 2019 г.