АктуелноИнтервју

(Видео) БРИКС е отворен за држави доминирани од западот како Македонија

Разговор со Амбасадорот на БРИКС за Блискиот Исток, д-р Насер Абу Насар:

Турција е првата НАТО членка која покажа интерес за интеграција во БРИКС. Што ги советувате останатите членки на БРИКС кои се доминирани од Западот во насока на приклучување во БРИКС?

Знаете, БРИКС не е политичка организција! БРИКС служи за соработка помеѓу државите Знаеме дека Турција е дел од НАТО, но, во прилог на фактите, промените во НАТО ги присилуваат дури и некои приврзанички на САД да ја променат позицијата. Погледнете ја Саудиска Арабија како пример, тие всушност не ни соработуваа со Русија претходно, ниту пак, на пример со БРИКС, но сега се придружуваат на заедницата! Тоа значи дека светот се менува и овие земји чувствуваат дека на авторитетот на САД и на авторитетот на Западот доаѓа крај, што секако значи дека ние ќе ја пречекаме Турција како земја-членка на БРИКС само ако тие направат знаете, реални промени кои можеби нема да се случат веднаш туку во блиска иднина!

Ништо нема да биде имплементирано на сила, ова мора да биде слободен избор на Турскиот народ, самите да ја изберат вистинската страна од историјата! Тие сакаат да ја сочуваат независноста, а ако сакаат да го сочуваат слободното место во светот светот кој прифаќа реален диверзитет, заедничката еднаква коегзистенција на сите! Па ако Турција сака да го прифати овој свет со нова визија за новиот свет, секако, Турција е добредојдена, како и секоја друга земја во светот! Затоа што БРИКС не е проект за Русија или Кина или Индија, ова не е градење на нов бран на империјализам, не, ние ќе изградиме нов светски поредок, на темелите на почит, заедничко почитување меѓу земјите-членки, помеѓу луѓето, помеѓу културите, прифаќајќи го диверзитетот и преточувајчи го во засега, не во почитички форум, туку, економски и културен форум каде што ќе можат да се состанат, знаете, со реално чувство на пријателство за да изградат и за да ги зголемат капацитетите на врските!

Гледајте, Западот многу долг период од историјата ги користеше воените сили за да наметне разни идеи, за да наметне економска моќ, за да наметне огромни економски договори со нашите земји, затоа што навикнати сме да сме најслаби, но, сега светот се буди! Западот брои помалку од 500 милиони луѓе додека остатокот од светот брои 7 милијарди луѓе! Што значи дека ние сме мнозинството, и луѓето почнуваат да го прифаќаат наративот: „Зошто засекогаш да живееме под доминација на Западот?“ Постојат две насоки, насоката која Западот ја одбира е онаа, познатата, милитаризација на светот и наметнување на политички идеи во нашите влади, и во нашите економски судбини и постои другата насока, која подразбира пријателство, насоката која подразбира слободен меѓусебен развој на економиите, и помеѓу културите и ова е прекрасна можност за останатите земји да се придружат затоа што БРИКС не е заклучен. БРИКС е отворен за сите кои сакаат мултиполарен систем!