Ќе се гласа и со неважечки документи

Без расправа дененска во Собранието беше изгласан Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка, чија цел, како што претходно образложи пратеникот Мартин Костовски, е да се допрецизира постојната правна рамка и да се доуредат одредбите од постојното законско решение во насока на инклузивен изборен процес за сите учесници на изборите.

Тоа значи дека на повеќе од сто илјади граѓани чии документи се невалидни бидејќи не го содржат новото уставно име,ќе им се овозможи да гласаат на претстојните претседателски и парламентарни избори. Законските измени се донесени со 84 гласа За, и двајца воздржани.

Преку преодна одредба, како што е предвидено по скратена постапка им се овозможува на сите полнолетни граѓани кои што имаат лична карта или пасош чија што важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите да си го остварат правото на глас. Оваа измена според членот 38 важи само за остварување на правото на глас. 

Меѓу другото, се допрецизираат одредбите во однос на регистрацијата на гласачите. Така за прв пат на претстојните избори ќе можат да гласаат и грашаните кои ќе наполнат 18 години помеѓу двата изборни круга.