АктуелноЛокално

Здрава Котлина: Последниот крик на пиарот на Еуромакс

Соопштение на иницијативата „Здрава Котлина”.


ПОСЛЕДНИОТ КРИК НА ПИАРОТ НА ЕУРОМАКС

Навистина бедно и крајно некреативно изгледаат последните очајни обиди на Пиарот на Еуромакс, да го претстават нивниот перфиден обид за баснословно и брзо богатење, на сметка на неповратното уништување на севкупниот живот во Струмичката котлина, како социјален проблем на неколкумина од нив времено вработени неквалификувани работници.
Потполно истото го правеа и Сардич пред да им ја одземат концесијата за рудникот Казандол. Истото ги чека и нив.

Па направиле и трагикомична фб страница “Сакаме работа – сакаме рудник”. Тоа овде нема да го коментираме, на тоа убаво им одговори нашиот активист Митко Бојаџиски:

ЗА КОНТРАБЛОКАДИТЕ НАД ИЛОВИЦАстав на Митко Бојаџиски:"Тензично е над Иловица. Со денови има блокади од противниците…

Публикувахте от Еко Долина – Eco Valley в Понеделник, 24 юни 2019 г.

Изгледа дека уште не им е јасно дека ниедно богатство не може да го купи влијанието на распространетата мисла. На чистата мисла и идеја за здрава животна средина и одржлив развој. Не сфаќаат дека не можат повеќе да ја манипулираат јавноста со фабрикување на лажни вести и платени објави по порталите.

Читајќи ги коментарите по порталите каде е објавен овој последен крик на Еуромаксовиот Пи-Ар, посебно ни е драго што народот е 100% освестен и кај него не поминуваат повеќе нивните ефтини трикови.

За на крај колку да имаат претстава сите колкава е “загриженоста” на топ менаџментот на Еуромакс за примањата и вработувањето на оние кои ги злоупотребуваат за своите профитерски цели, еве како изгледаат годишните примања врз основ на плати, дивиденди и бонуси на дел од топ менаџментот на Еуромакс Рисорсис :

Варшан Гокул $693,655

Патрик Форвард $693,655

Алан Бејкер $390,642

Никола Гулев $107,442

Дури и за време кога повеќе од година ипол ги имаа отпуштено истите тие кои сега божем сакаат работа и рудник, а им паднаа акциите за над 600%, истите тие повторно си делеле високи плати, бонуси и дивиденди. Не е ни чудно што пред да ги превземе Трафигура беа пред прогласување на условен банкрот.

Наскоро ги очекува одземање на истечената концесијата. Поради тоа што немаат ниту еден активен рудник во светот, а со тоа и извор на приходи ги очекува и неминовен банкрот и одење во стечај. Нека им е со среќа!

#РудникНемаДаИма

ПОСЛЕДНИОТ КРИК НА ПИАРОТ НА ЕУРОМАКСНавистина бедно и крајно некреативно изгледаат последните очајни обиди на Пиарот…

Публикувахте от Здрава Котлина в Понеделник, 24 юни 2019 г.