Неодговорност на надлежните во општина Кисела Вода
- Реакција на Левица Кисела Вода
По реакција од граѓани, кантите за ѓубре по должина на трим патеката не се чистат, активисти на политичката партија Левица од Кисела Вода излегоа на терен и истите ги исчистија.
Мора да напоменеме дека овие преполни канти тенденциозно не се празнат и истите се уништени или извадени, па се наметнува прашањето. Дали една од причините е што истите ги поставија активистите на Левица наместо општината?
Нашите советници неколку пати побараа да се зголеми бројот на канти за џепен отпад, но за жал општината нема слух, иако станува збор за незначителна финансиска сума која не би имала никва негативна импликација по буџетот. Оттука нашите активисти со свои скромни средства пред неколку месеца поставија канти по долж трим патека.
Воедно би сакале да го потсетиме градоначалникот Орце Ѓорѓиевски дека е должен да постави канти, не само по трим патеката туку и насекаде каде е потребно за да одржи чистотата во нашата општина.