АктуелноЛокално

„Од атоми до универзумот“ – Прва научна книга на малиот гениј Македон Димитровски

Деветгодишниот Македон Димитровски од Тетово, ја објави својата прва книга на англиски јазик насловена Space: From Atoms to the Universe „Од атоми до универзумот“.

Иако активно учествува на натпревари каде има освоено доста медали и игра шах, неодамна го објави својот научен труд од областа на астрономијата, во која детално го опишува универзумот и неговото создавање.

Книгата е на англиски јазик, и се состои од 19 поглавја а Македон објаснува зошто токму на овој јазик се одлучил да пишува за вселената, планетите, ѕвездите и галаксиите.

„Оваа книга е напишана на англиски јазик и ја направив за да можат другите да научат за вселената и за да можат повеќе да се заинтересираат на оваа тема, за во иднина да имаме повеќе научници, што ќе сакаат да истражуваат и да учат“.

Неговата книга зборува за галаксиите, црните дупки, кометите, џуџестите планети, за гасовитите џинови, за големите планети.

Тој нагласува дека иако ја напишал книгата на англиски јазик, во иднина планира да ја преведе и на македонски со цел што е можно повеќе луѓе да можат да ја прочитаат.