АктуелноЛокалноНастани

На ДПМНЕ им пречат пасошите без „Северна“?

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев прашува кој им го води пи-арот на ДПМНЕ, бидејќи од оваа партија поднесоа кричивна пријава против ексминистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој иако знаел дека нема да важат до истекот на рокот, неговот министерство издавало патни исправи без придавката „Северна“.

– Врв на “патриотизмот” е кога ДПМНЕ ќе поднесе кривична за издавање пасоши без СЕВЕРНА!? А бе, кој ви го води пи-аров, да ми е да знам – напиша Апасиев на социјалните мрежи.

Од иста причина, кривична против Спасовски поднесоа и од здружението Знам на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.