Јавниот долг на рекордни 8,5 милијарди евра

Јавниот долг во Македонија достигна 8,5 милијарди евра во 2023 година. Во оваа бројка не влегуваат задолжувањата од потпишаните заеми, додека не се повлечат средствата, тврди ревизорот Јулијан Штрковска-Колриќ

– Притоа, доколку одредени заеми се повлекуваат (имплементираат) во транши, во состојбата на долгот се евидентираат само повлечените транши. Вакви заеми од меѓународни финансиски институции има сè повеќе. Покрај главницата, плаќаме еднократни провизии, камати со променливи стапки и многу други трошоци поврзани со заемите. Доколку не се повлечат траншите според договорот, се плаќаат пенали, напиша Штрковска-Колариќ на социјалните мрежи

Само за каматни плаќања во 2023 година, издвоени се 200 милиони евра народни пари.