АктуелноЛокално

Левица: Берово на мета на албанските структури

  • Реакција на Левица – ЛО Берово

После безобразниот оглас на ЈП Национални шуми каде што се бараа за вработување повеќе од 20 лица Aлбанци, во град со само еден регистриран Aлбанец, овој пат Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство распиша оглас за вработување на уште едно лице Албанец на позиција – Помлад соработник за оперативна работа во регистрите на министерството.

Можеме да заклучиме дека албанските коалициони партнери на државните предавници ќе си ги вработуваат нивните марионети во државните институции, на принцип – нишај врата, земи плата, оставајќи недоумица на кој начин ќе се одвива целиот процес, бидејќи да можат да се вработат Албанци во Берово, единствениот начин е да ги увеземе.