Детето со аутизам било врзано под силни антипсихотици во психијатриската болница Демир Хисар
– Фејсбук статус на Снежана Тодоровска по однос на скандалот во психијатриската болница Демир Хисар каде 17 годишно момче со аутизам од Битола било врзано под силни антипсихотици.
Момчето на сликава се вика Анес Абдуловски. 17 годишно од Битола, Со дијагностициран аутизам. Момче кое посетувало до скоро училиште, напредувало. Разбира се и зборува. Посетувало дневен центар и напредувало. До оној момент кога влегува во пубертет. Како и најголем дел од лицата со аутизам, пубертетот е најтежок во растењето и грижата за овие деца. Почнува да покажува нервоза, пркос и агресија. Но тоа се случува и кај типичните деца кога хормоните ке им проработат. Тоа е разбирливо, но поминува. Родителите побарале медицинска помош и детето е сместено во психијатриската болница Демир Хисар.
Таму останува 5 недели. Во тој период родителите го посетиле повеке пати, но не им било дозволено внатре на лице место( во соба), туку со придрижба носено на по неколку минути во двор. Пред малку зборував со мајката. Всушност, детето во соба цело време престојувало врзано под силни антипсихотици. Тој момент родителите не го виделе. Се додека не им се јавиле по телефон да им кажат да си го земат детето дома на неколку дена, па после да го вратат.
За ова никој не пишува. Причината за тоа јавување била дека болницата добила најава за посета од делегација од ЕУ, која патем има милионски суми дадено за оваа болница и за нејзините пациенти. Па сега не сакале од болницата, делегацијата да го гледа таков врзан за кревет и како зомби.
Родителите го земаат и настанува шок, кога ги виделе огромните рани од врзувањето. Рани направени длабоко во месото, од обидите на детево да се ослободи. Бесни и гневни се, не им паѓа на памет повторно да го вратат таму.
Мили луѓенца. Толку треба да знаете за нашето здравство. Во 21 век, дете врзано. Не е само онкологија скандал. Луѓето се плашат да зборуваат отворено. Ова е срам за сите нас. Толку треба да знаете. Кој знае уште колку како Анес има. Нашите невропсихијатри, баратаат само со теорија, ама пракса никаква. Антипсихотици препишуваат на деца кои немаат шизофренија. И си ги препишуваат како бомбони ( секоја чест на исклучоци кои на три прсти се бројат).
Врзувањето е техника која датира од пред средниот век. Ама ние таму сме заглавени. Најтрагично е тоа што ако нешто не знаеш, барем следи искуства од поразвиените држави. Ама егото е страшна работа.
За сите вас кои ова ке го читате, размислете. Можеби немате деца со аутизам или друго, ама можеби еден ден вашите деца ке имаат, и срце ке ве боли кога ке ги гледате какви маки поминуваат со вашите внучиња.
Патот кој го изоделе до сега родителите на Анес е голгота. Скромни луѓе од дебарско, дојдени во Битола за подобар живот. Ама плановите се само дел од животот. Живеат долги години под кирија, а сега таткото приморан отказ да даде за да се грижи за синот.
Толку треба да знаете за случувањата во нашава ни државичка заглавена во средновековието. Ниту институционална помош, ниту поддршка, а најмалку стручни лица. А вие, пак седете си дома и не доаѓајте на протести. Јас сум потресена и згрозена. Господ да им е на помош, бидејки друга помош во Македонија нема да добијат.
П.С. Многу скоро еден вевчанец пишуваше јавно за овие деца дека биле непотребен трошок, дека семката на нивните родители била скапана, дека овие деца траба за служат за трансплатација на органи. Ако се молчи, многу скоро ке испадне дека бил во право. Во 21 век, срамови.