АктуелноБиблиотекаЛокално

АФЖ во Воденскиот округ

 

Градот Воден.

Во Воденскиот округ уште во јануари 1945 година беше формиран градски одбор на АФЖ што се должи на постоењето на Тајната ослободителна македонска организација – ΤΟΜΟ. Одборот имал 5 члена и раководел со 5 маалски одбори и со 1 фабрички. Маалските одбори (реонските) биле 3-члени, а фабричкиот одбор држел врска и соработувал со 4 фабрички организации на АФЖ.

Уште во јануари веќе имаме широка организациона мрежа во градот. Така на пр. во I-от реон (кварт) биле организирани во редовите на АФЖ 18 жени, во II – от 275, во III – от 220, во IV – от 78 и во V – 260 жени.

Во фабриката „Цици“, до крајот на 1945 година биле вклучени 38 жени во редовите на АФЖ, во „Естија“ – 27, во „Сеферџи“ – 8 и во фабриката за коноп – 27 жени.

Градскиот одбор на АФЖ во Воден го сочинувале: Марика Самаренчева, работничка во фабриката за свила, за секретар, Дора Кајмакова – домаќинка, одговорна по народната солидарност, Дана Почепова – домаќинка, Велика Ајановска – домакинка, Марика Даскалова – работничка а по народност Влаинка.

Во ваков состав, Градскиот одбор работи cè до октомври 1946 година кога поради болест и друга причини некои членови го напуштија градот и преминале во Југославија (Дора Кајмакова, Велика Ајановска и Дана Почепова). На нивно место се поставени: Уранија Нушева – работничка, Неша Торкова – работничка и Софија Ќортошева.

Во ваков состав Одборот дејствува се до почетокот на 1947 година кога е расформиран поради големиот терор во градот спроведен од страна на монархофашистите. Тогаш Марика Самаренчева успева да го избегне апсењето и преминува во илегалство, а Неша Торкова и Софија Ќортошева се уапсени.

И покрај сите напори на раководните лица на НОФ – АФЖ да го организира Градскиот одбор во полн состав не само што не успеа во тоа туку организацијата АФЖ во градот е парализирана бидејќи градот се најде под целосна контрола на непријателот, а се знае дека уште во април 1946 година во градот грчките власти формираа специјално одделение за сисистематско гонење на Македонците.

Окружниот одбор на АФЖ за Воденско е формиран на 20 јули 1945 во чиј состав влегоа: Ирина Гинова – Мирка по професија учителка, Марика Самаренчева, Дорка Почепова, Катина Качева и Ленка Диова. Во ваков состав Окружниот одбор на АФЖ делува cè до средината на 1946 година кога поради разни причини го напуштаат Катина Качева и Дора Почепова пребегнувајќи во ФНРЈ, а Ирина Гинова – Мирка била уапсена од монархофашистите и стрелана на 26 јули 1946 година. По смртта на секретариата на ОО на АФЖ, Мирка Гинова, е формиран нов Окружен одбор за Воденско во состав:

Ленка Стојкова-Мирка, поставена за политички секретар, Марика Самаренчева-Зоја за организационен секретар, Султана Гинова-сестра на убиената Мирка, Ели Радичева и Александра Бобева. Во ваков состав, Окружниот одбор на АФЖ делува cè до почетокот на 1947 година кога со одлука на Окружниот одбор на НОФ, Султана Гинова е прекомандувана во Народната милиција, додека Ели Радичева и Александра Бобева се прекомандовани во редовите на ДАГ. Испразнетите места во Окружниот одбор се пополнети со нови членови и тоа: Танка Попова, Донка Димитрова и Софија Алибакова-Лефка. Во ваков состав Окружниот одбор за Воденско работи cè до октомври 1948 година, односно cè до големата офанзива на владината воjска на Кајмакчалан кога Одборот е расформиран не само поради пробивот на монархофашистите, туку и заради несогласиците што настанаа меѓу раководството на НОФ од една и КПГ и ДАГ од друга страна, така што голем дел од кадрите на НОФ – АФЖ од овој Округ преминуваат во ФНР Југославија.

Од октомври 1948 година па cè до капитулацијата на ДАГ во август 1949, не постои, речиси, никаква организациона активност на АФЖ во Воденскиот округ, со исклучок на она што е забележано како активност на партизанките во редовите на ДАГ.

Реонски одбори на АФЖ во Воденско беа формирани кон средината на 1946 година, додека месни организации беа поставени порано во многу села.

Реонски одбори се формираа каде што имало услови за тоа. Има податоци дека реонскиот одбор за реонот Острово го сочинувале овие другарки: Султана Гинова, од село Русилово, Софија Алибакова-Лефка од село Месимер, Гина Кикилчикова-Вера од Месимер, Султана Попова од село Русилово и Василка Гинова исто така од Русилово.

Мегленскиот-Караџовски реонски одбор го сочинуваа: Донка Димитрова-секретар од село Тресино, Трајанка Георгиева од село Бизово, Софка Диова од село Тресино, Марика Мицанова од село Почеп и Марика Оџенкова од село Оџлани.

Уште во текот на јануари 1946 година во Гуменџиско се вклучени во редовите на НОФ – АФЖ како активисти следните другарки: Мариja Попјанева, поранешен активист на ЕАМ коja уште во летото на 1945 година стапила во редовите на НОФ – АФЖ. Андроника Мустакинова – поранешен активист на ЕАМ, Клеоника Цајкова – член на Околискиот одбор на ЕПОН, (Единетвена сегрчка организација на младите, а од ноември на 1945 вклучена во македонската организација, Марија Купанова активист на КПГ во Гуменџе активирана по линија на НОФ – АФЖ во фабриката Филатура; Гаруфалја Чопкова – одговорна по младинската организација во Филатурата, a cera активирана и во НОФ — АФЖ.

Месни организации на АФЖ во Воденскиот округ беа поставени во повеќе села уште во текот на 1945 година. Се констатира дека кон средината на јануари 1946 година, во Мегленско биле организирани 10 села во кои имало поставено широка организациона мрежа на НОФ – АФЖ. Покрај тоа и во уште 4 села биле поставени, во овој период, бира на НОФ – АФЖ, односно во бирото на НОФ има и член одговорен за женските прашања.

Во реонот Кронцелево, до почетокот на февруари 1946 година биле поставени основни организации во овие села: Кронцелево со 100 жени, Теово – 60, Нисја – 25, Влкојанево – 40, Самар – 3, Почеп – 50, Саракиново – 46, Долно Родиево – 100, Горно Родиево – 63 жени во АФЖ.

Во С’ботско: село С’ботско – 15 жени, Биџова маала – 8, Бизово – 14, Цакон Чифлик – 42, Струпино – 18, Страишта – 8.

И во реоните Острово и Месимер исто така во неколку села биле поставени основни организации на АФЖ, до почетокот на февруари 1946 година. Пр. Во Гугово – 15 жени, Острово – 3, Чеган – 3, Русилово – 3, Жерви – 3. Во Месимер – 28 жени, Јаворјани – 60, Под – 8, Оризарци – 40, Ошљани – 48, Ризово – 3, Каменик – 3, Вртикоп – 3, Липоор – 3, Арсен – 3 жени во АФЖ.

До почетокот на јануари 1947 година во Воденскиот округ биле организирани 50 села во кои имало организација на НОФ и АФЖ, со вкупно 1797 организирани жени, а до октомври истата година бројката се покачува на 2.590.

Во Леринскиот и Костурскиот округ

се прават напори уште во почетокот на 1945 година да се воспостават основни организации на НОФ и АФЖ. Активноста на НОФ се одвива преку инструкторите, назначени од Главниот одбор на НОФ. Тие вложуваат огромни напори за воспоставување на организациони бази како во селата така и во градовите.

Во таквите напори на НОФ, во август 1945 година се вклучени Евдокија Николова-Вера и Уранија Пировска чија активност се одвива повремено во овие окрузи. Уранија Јурукова-Пировска таква активност врши cè до септември 1946 година кога премина во Југославија. Се враќа назад во април 1948 година, вклучувајќи се како активен борец во редовите на ДАГ, а во почетокот на 1949 година пак е активирана во АФЖ како кадар и останува на таа должност cè до ликвидацијата на ДАГ.

Во мај 1946 година за секретар на АФЖ, во состав на Окружниот одбор на НОФ за Костурско е поставена Стерјана Вангелова-Славјанка – активен борец во I-та егејска бригада, додека Евдокија Николова-Вера, исто така борец во I-та егејска бригада, е вклучена во Окружниот одбор на НОФ за Леринско, односно за секретар на НОФ – АФЖ во Кајљарско.

Во ноември 1946 година, за секретар на АФЖ за Костурско е поставена Хрисанти Цанѕовска – поранешен активист во I егејска бригада, a Стерјана Вангелова-Славјанка е прекомандувана во Леринскиот округ и поставена за секретар на АФЖ, а Вера е кооптирана во Главниот одбор на НОФ и задолжена за проблемите на АФЖ за цела Егејска Македонија. Ваква активност на АФЖ во Костурско и Леринско се одвива се до средината на 1947 година, кога со повлекувавьето на монархофашистите од Преспа и Корештата, се создаваат услови за поширока активност на НОФ – АФЖ – НОМС.

Кон средината на 1947 година биле формирани и окружни одбори на АФЖ за Костурско и Леринско.

Окружниот одбор на АФЖ за Костурско го формираат: Хрисанти Цанѕовска од село Чука за секретар и членовите кои истовремено биле и секретарки на реонските одбори во Костурско, односно: Нули Џаџовска од с. Смрдеш, Ленче Цветковска од село Добролишта, Пена Јурукова од село Изглеби, Александра Ганѕовска од Стенско и Александра Панова од В’мбел.

Во реонските одбори, покрај секретарките, биле ангажирани и активисти од месните организации на АФЖ, одделно за секој реон. Својата активност тие ja вршеле повремено, во зависност од задачите што се наложувале и не биле професионални активисти како што беше случајот со членовите на окружните одбори на АФЖ.

Месни организации во Костурскиот округ почнаа да се формират во некои села, во почетокот на јануари 1946 година, но не со таков интензитет како што беше случајот со Воденскиот округ, бидејќи теророт од страна на терористичките банди заземал широки размери и не можело да се воспостави контакт со селата. Од пролетта на 1947 година, со создавањето на слободна територија, Костурскиот и Леринскиот округ, може да се каже, масовно се вклучија во антифашистичките македонски организации НОФ – АФЖ. Но и напорите што се вложуваат во текот на 1946 година не се за потценување. Во јануари – февруари веќе имаме конкретна ситуација за некоо села.

Пр. основни организации на АФЖ има поставено во селата: Габреш, Поздивишта, Апоскеп, Добро лишта, Граче и др.

Разгледано по реони, во наведениот период, состојбата изгледа вака:

Реон Герман (Преспанско): село Герман — 10 жени, Медово — 6, Рудари — 3, Штрково — 2, Буково — 4, Бесфина — 13, Дреново — 5, Руља — 12, Желево — 15, Трнаа — 15, Оштима — 15. Реон Африка (Преспанско): село Орово — 6 жени, Граждане — 15, Трново — 4, Аил — 7.

Реон Дмбени (Корешта): село Д’мбени — 15 жени, Крчишта — 6, Лабаница — 3, Косинец — 5, Смрдеш — 15, В’мбел — 15·

Реон Дреновени (Корешта): село Габреш — 5 жени, Дреновени — 4, Поздивишта — 8, Статица — 4, Апоскеп —* 2, Шештево — 8.

Во Костурскиот округ, во селата од Пополето, поставувањето на бази на АФЖ се одвиваше тешко бидејќи тие села биле постојано под контрола на монархофашистите. Но и покрај тоа може да се констатира дека во Костурскиот округ, во јануари 1947 година имало 63 села во кои беа формирани месни организации на АФЖ, со 1.579 организирани жени.

Окружниот одбор на АФЖ за Леринско се консолидира по Окружната конференција на НОФ, одржана кон крајот на 1947 година. Во негов состав влегоа: Махи Пилаева од село Екши-су за главен секретар, а за членови – секретарките на реонските одбори и тоа: Кица Белчева-Махи од село Ајтос, секретар на реонскиот одбор на АФЖ за Сорович, Томаја Терзиева од с. Буф, секретар на Буфскиот реон, Виргинија од с. Тиквени, на Баничкиот реон, Божиница Гакова, од с. Герман на Преспанскиот реон, а по нејзиното загинување е поставена Александра Костова-Сандра од с. Папли, и Лена од село Лаген, секретар на АФЖ во Которскиот реон.

Реонските одбори во Леринско, исто како во Костурско и Воденско, биле формирани од членови на месните организации во селата и не биле професионални. Перманентна професионална работа вршеле секретарките на реонските одбори кои истовремено биле и членови на Окружниот одбор.

Треба да се забележи дека во реонските одбори настанувале повремено извесни промени во раководниот кадар, со дополнување или отстранување на одделни членови.

Месни организации на АФЖ во Леринскиот округ, во јануари и 1946 година, веќе има поставено во неколку села како што ни кажува и долуизнесениот преглед:

Реон Буф: село Буф – 8 жени, Клодораби – 6, Каленик – 4, Св. Петка – 2.

Реон Турје: село Турје – 5, Трсје — 8, Бапчор – 6, Арменско – 4, Калугерица – 16, Матешница – 6.

Реон Овчарени: село Овчарени – 6, Крушоради – 8, Сетина – 5, Неокази – 6, Врбени – 3, Попожани – 4.

Которски реон: село Кучковени -6, Лагени – 8, Крашешино – 4.

Реон Екши-су: с. Екши-су – 10, Патели – 20.

Местен орган, имало поставено и во реоните Мокрени и Ајтос (Мокрени – 10, Паљор – 5, Бошовица — 9, Конуј – 3. Ајтос – 4, Љубетина – 10.

Во Градот Лерин, во истиот период, постои организација на НОФ – АФЖ со 200 членови, но организацијата АФЖ во овој град не делуваше самостојно туку во склопот на НОФ. Во почетокот на јануари 1947 година во Леринскиот округ имало 56 села организирани во НОФ – АФЖ во кои 989 жени биле вклучени во редовите на АФЖ. Според Извештајот за организационата структура на НОФ – АФЖ во Воденско-Леринско-Костурско, поднесен од Главниот одбор на НОФ за Егејска Македонија, состојбата во ноември 1947 година изгледа вака:

    Вкупно                НОФ – АФЖ Воденско               НОФ – АФЖ Леринско           НОФ – АФЖ Костурско           НОФ – АФЖ    
Организирани членови 5.758 – 6.912 2.831 -2.590 1.853 – 1.734 11.074 – 2.588    
   
Кадрови 68 37 14 17    
   
Реонски комитети 15 7 5 3    
   
Mесни организации 140 65 30 45    
   
Организациони бази 29 4 8 17    
   
Месни бироа 127 77 46 64    
   
Окружни седници 19 8 6 5    
   
Месни седници 102 40 25 37    
   
Кадровски активни 16 3 7 6    
   
Окружни конференции 8 2 3 3    
   
Реонски конференции 8 2 3 3    
   
Според Извештајот за организационата структура на НОФ – АФЖ во Воденско-Леринско-Костурско, поднесен од Главниот одбор на НОФ за Егејска Македонија, состојбата во ноември 1947 година изгледа вака

 

Во однос на организационата структура на АФЖ има секојдневно менување бидејќи постојано расте бројот на членството, израснуват нови кадрови на организацијата, така што немало форум каде не била застапена и жената. Да напомнеме уште еднаш на податокот дека во текот на своето постоење (1945—1949) АФЖ броеше 10.402 членови со 220 организирани села.

Месните организации на АФЖ го понесоа на својот грб големиот товар на борбата, работејќи деноноќно во помошните служби на ДАГ, односно во интендатурата, во изградбата на одбрамбени објекти, во санитарната служба, во народната власт, во кооперациите и др. за што ќе стане збор понатаму.

  • Овој извадок е третиот дел од серијата стории кои ќе ги споделиме како извадоци од книгата „Историја – 60 години КПЈ – СКЈ“. Првиот и вториот дел прочитајте ги на овој линк.