АктуелноЛокално

(Видео) МВР нема суверинитет таму каде ДУИ владее

Пратеничко прашање до Министерот за внатрешни работи од пратеникот на #Левица Борислав Крмов:

,,Се работи за инцидентите околу селото Слупчане и ЕВН, сведоци сме деновиве за организираниот бандитизам на кршење на трансформаторите, диво приклучување и отсуство на плаќање на струја со години. Се малтретираат вработените, додека некогаш и се тепаат. Очигледно е дека во нашата држава дека борбата за човекови права е тешка како што би рекле колегите од другата страна. Во сето тоа време, полицијата е нем посматрач и не реагира. Моето прашање е: дали планирате да интервенирате за да го сочувате законот, редот и поредокот и дали свесно се откажувате од сувереноста во овој дел на Македонија и дали полицијата ви служи за интервенција кога се работи за етнички Македонци?

Оваа теза сме ја кажале во Собранието, но вие заедно со вашите колеги од Владата тезата дека на одреден на територијата немаме суверенитет ја потврдувате и тоа не е од сега. Можеби, јас погрешно се изразив, во смисла не дека немаме суверенитет на тој дел од територијата – има суверенитет само ДУИ, нема македонската држава. Зошто ситуацијата продолжува, бидејќи не е од сега? Тоа се случува со години. Полицијата треба да го спроведува законот и кажете ми дали таму се применува законот? Апсолутно не. Каква порака испраќа ова? Ова испраќа порака дека единствено со сила и вонинституционално може да се постигне нешто.

Двојните стандарди се изразени во примерот на Слупчане наспроти тој на Коњаре – од една страна на милионски прекршоци и тепање на вработени инжењери полицијата оди и преговара фино, додека во спротивната ситуација полицијата оди и ги тепа селаните во Коњари и ги штити дивите копачи. Ден-денес ги штити дивите копачи.’’