Левица: Нашето здравје не е бизнис и трошок!

Во целост ви ја пренесуваме реакцијата на политичката партија Левица по повод гостувањето на министерот за здравство, Венко Филипче, во емисијата Топ Тема на Телма телевизија.


ВЛАСТА НАЈАВУВА ЦЕЛОСНА ПРИВАТИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНСКОТО ЗДРАВСТВО!

Министерот за здравство Венко Филипче, на гостувањето во Топ Тема, случајно или намерно ги откри плановите на Владата за целосна приватизација на македонското здравство. Тој изјави дека намерата на Министерството за здравство во иднина е постепено да почне да купува услуги од приватните здравствени установи, наместо да вложува во јавното здравство. Министерот во емисијата изјави дека и брзата помош претставува непотребен товар и трошок за министерството. Иако за оваа година предвидени се средства а купување на нови амбулантни возила, сепак тој не се откажува од воведувањето на јавно-приватното партнерство и во тој сектор!

Искуствата со јавно-приватното партнерство од другите држави покажуваат дека цените за услугите на пациентите пораснале, а државата со анекси плаќала и по неколку пати повеќе пари за истите услуги. Огромен број на организации во светот се спротиставуваат на јавно-приватното партнерство и бараат да не биде повеќе спонзорирано од меѓународните финансиски институции. Во ситуација кога во светот се напушта тој модел и дебатата се префрла кон бесплатно јавно здравство достапно за сите, дури и во САД, ние одиме полека кон целосна приватизација!

Левица прашува за кого е овој систем подобар: за пациентите или за бизнис-партнерите на власта? Приватизациите кои се туркаат од осамостојувањето до денес, преставени како решение за сите наши проблеми, нѐ доведоа до денешната ситуација. Левица со сите механизми ќе се спротистави на приватизацијата на здравството! Нашето здравје не е бизнис и трошок! Правото на квалитетно здравство е наше човеково право, и тоа право ќе го браниме по секоја цена!

ВЛАСТА НАЈАВУВА ЦЕЛОСНА ПРИВАТИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНСКОТО ЗДРАВСТВО!Министерот за здравство Венко Филипче, на гостувањето…

Публикувахте от Левица / E majta / Levica в Петък, 22 март 2019 г.