Средба за договарање на уставни промени

  • Фејсбук статус на Саше Јанчев – член на ЦК на Политичката Партија Левица и советник во Општина Гевгелија

Лидерска средба за европската иднина на земјата‘‘ во превод на чист македонски јазик значи:

Средба за договарање на уставни промени по диктат од Бугарија на која ќе учествуваат претседатели на партии кои 30 години ја растураат, пљачкосуваат и партизираат Македонија, плус претседатели на партии кои сонуваат за Голема Албанија.

Со овој избор на зборови власта прави пропаганден трик и води валкана пропаганда против сопствениот народ кој ја плаќа за да го штити токму од вакви напади.

За полесно да се сфати оваа валкана антинародна пропаганда, реченицава, само изговорена, но не и смислена од Таче, може да се подели на три дела.

Едниот е “лидерска средба”.

Другиот е “за европска иднина”.

Третиот е “на земјата”

Епитетот ‘лидерска’ се употребува за да се наметне слика дека станува збор за лидери (луѓе кои за доброто на својот народ и држава спремни се да умрат).

Епитетот ‘европска’ се употребува за да се наметне слика дека станува збор за нешто корисно, убаво најдобро кое во комбинација со зборот иднина треба да создаде слика дека станува збор нешто шо ќе ни донесе бенефит.

Зборот ‘земјата’ се употребува токму за да се скрие претпоследниот во низата Европски бенефити, а кој се случи во форма на насилна промена на името на државата. Претходните европски бенефити беа првата промената на Уставот и знамето, територијалната поделба, Тиранска платформа, Преспански договор и Договор со Бугарија, промена на името, “француски” предлог, а сега треба да биде и нова промена на Уставот по диктат од Софија.

Европска перална на мозоци