Апасиев: 2/3 од Македонците не можат да си дозволат годишен одмор

Последната анкета на Евростат која е спроведена над 40.000 испитаници, граѓани на Европската Унија, за тоа колку од нив не можат да си дозволат барем една недела одмор надвор од местото на живеење покажа дека просекот е нешто на 28% жители. Најлош е просекот во Романија (62%), Бугарија(48%) Грција(43%) и Хрватска(42%).

Откако овие податоци беа споделени во реакција на Левица – Сектор туризам, се огласи и лидерот на партијата кој нагласи дека економските политики на СДСМ и ДПМНЕ се главен фактор зошто после 30 години независност, 2/3 од Македонците не можат да си дозволат годишен одмор.

Поради економските политики на СДСМ-ДПМНЕ и “структурните реформи” поддржани од колективниот Запад – 2/3 од Македонците не можат да си дозволат ниту еден годишен одмор надвор од местото на живеење! Фала НАТО, фала ЕУ, – напиша Апасиев.

Правото на одмор од минимум 20 работни дена во годината е законски регулирано право. Работодавачот е должен да го даде, а работникот не смее да го одбие.

Исто така правото на годишен одмор не значи само дека работникот се ослободува од работните обврски туку и право и можност да влезе во туристичките текови, да го напушти своето постојано живеалиште и да се упати кон одредена туристичка дестинација. Но повеќе од 65% од македонските граѓани тоа не можат да си го дозволат.