Во Мај од 1971 година, Никсон испрати 10 000 трупи да ги сузбие антивоените протести

Мајските протести од 1971 година беа низа на големи демонстрации против вклученоста на САД во војната во Виетнам. Се случија во Вашингтон и траеа од 1 до 3 мај. Целта на демонстрациите беше да се оневозможи работата на владините институции, како што и Првомајскиот пленум (Mayday Tribe, група на млади пацифистички револуционери од САД) всушност ја предупреди администрацијата на Никсон дека ќе постапи ако не се стави крај на војната во Виетнам. 

Првомајските протести почнаа една година откако претседателот Никсон и неговата администрација одлучија да направат инвазија на Камбоџа, соседна земја на Виетнам. Кога Ричард Никсон, 37миот претседател на САД и неговата администрација добија власт ветија дека една од главните цели на администрацијата е да се стави крај на војната. Сепак, ескалацијата во војната се случи токму во тек на неговата администрација, а војната ја проширија во соседните земји.

Многу граѓани, особено студентите, одговорија на ескалацијата на војната со учество во ненасилни протести. На еден од протестите во Државниот Универзитет во Кент, Охајо, воената полиција (national guardsmen) отвори оган против демонстрирачите, убивајќи четворица, додека деветмина биле ранети.

Десет дена подоцна, двајца студенти биле убиени и дванаесетмина биле ранети во Државниот Универзитет во Џексон, Мисисипи. Овие случувања, како и претходни мерки кои беа преземени од владата беа доволни за да повеќе граѓрани кои немаа став за војната се спротистават на постапките на САД и вклученоста во војната. Како резултат, до крај на Мај, 1970 се претпоставува дека околу половина од студентите во САД биле вклучени во антивоените активности.

Првомајските протести се случија две недели по интензивните антивоени протести. Групата наречена „Виетнамски Ветерани Против Војната“ (Vietnam Veterans Against the War) протестираше од 19 до 23 април. Целта на овие активности беа да се оневозможи владата да функционира барем еден ден, додека организаторите кажаа дека целта на демонстрациите е да се зголеми свеста кај народот за општествените последици од војната која ја предизвика американската власт. Еден од организаторите во интервју вели: „Креативност, радост и живот се спротиставија на бирократската и сурова смрт! Ова е ненасилно граѓанско организирање, ова е Први Мај!“. 

Демонстрирачите сакаа да се оневозможи работата на владата така што не им дозволуваа на вработените во институциите да влезат во зградите на владата. Слоганот им беше „Ако владата не стави крај на војната, ние ќе и ставиме крај на владата!“. Тие се нарекуваа Првомајскиот Пленум или  the Mayday Tribe и како свој симбол го користеа ликот на Ситинг Бул, лидер на домородното американско племе Хункпапа за време на борбата против асимилација на домородните Американци (Индијанци).

Пред да почнат активностите, бил дистрибуиран прирачник кој опишува како на 21 клучни места и сообраќајни тесни грла треба да се оневозможи сообраќајот со ненасилни блокажи користејќи хаварисани возила, барикади и живи ѕидови. Им било препорачано да се поделат во друштва (“affinity groups“ од 5 до 15 лица) за заеднички да дејствуваат. Прирачникот побарал да демонститрачите доаѓаат во бранови како една група би била цел на воената полиција се додека доаѓа друг бран на демонститрачи се до исцрпување на полицијата. 

На Први Мај, околу 25 илјади членови на Првомајскиот пленум пристигнале во Вашингтон за да ги блокира посочените цели. Сепак, владата веќе била подготвена за загушување на нивните активности. 

Со 10 илјади полицајци, со воената полиција (националната гарда) и федералните трупи со околу 4 илјади војници во резерва биле на готовс за напад. Добиле наредба да да бидат “цврсти“ и да го уапсат секој кој протестира! 

Еден од демонстрирачите се сеќава: „Имаше само луѓе кои трчеа низ улиците, а полицајци трчаа по нив. Ако за момент застанеш, веднаш те апсеа, така што мораше да трчаме! Демонстрирачите користеа радио станици за да комуницираат меѓусебно“. 

Друг потсетува: „Имавме скапи радио станици, секое друштво или поголема таргет група имаше радио станица и беше во комуникација со другите бази“.

Како резултат на активностите кои се случија на први мај, повеќе од 7 илјади луѓе беа уапсени дента, други 6 илјади биле уапсени во наредните три дена. За да се транспортираат демонстрирачите, полицијата користеше градски автобуси и камионски приколици. Се случуваше и 20 млади луѓе да бидат затворени во затворска ќелија за двајца, градските затвори не беа доволни за сите уапсени младинци.

Уште 1500 луѓе беа затворени во дворот на затворот, додека остатокот од уапсените беа затворени во фудбалското игралиште на Вашингтон Редскинс, во близина на стадионот Роберт Ф. Кенеди. Повеќето беа пуштени на слобода наредниот ден, сепак оние кои биле притворени кажуваат дека имаат вечни трауми од условите во кои биле затворени тој ден. Д-р Бенџамин Спок кој исто така беше притворен се сеќава: „Можам слободно да кажам дека бевме затворени во концентрациски камп!“.

Овие масовни апсења резултираа со симпатии кон демонстрирачите. Локалните жители кои живееа околу фудбалското игралиште ги поддржуваа демонститрачите со фрлање на храна, ќебиња и писма за охрабрување преку оградата на игралиштето! Повеќето од нив беа црнци, а во текот на денот лидерите на Првомајскиот пленум организираа и пунктови за помош на притворените. 

Еден од лидерите, Рени Дејвис кој бил милитантен активист и еден од групата позната како „седумката од Чикаго“ (the Chicago seven) бил уапсен согласно федералниот анти-анархиски закон (anti-riot law) и бил притворен. 

Првомајските демонстрирачи не ја постигнаа посакуваната цел и не успеаа да ја оневозможат владата да работи на 3 мај, па повеќето од вработените во администрацијата само задоцниле на работа, но Првомајскиот пленум несомнено имаше улога во уништувањето на кариерата на Никсон, како и повлекувањето на трупите од Виетнам што поскоро. Ричард Хелмс, тогашен директор на ЦИА вели за протестите: „Очигледно беше за секој во администрацијата, особено по сите апсења покрај застапувањето на основните човекови и граѓански права… дека протестот беше деструктивен настан. Мислам дека никој не се сомнева во тоа.“