Вистиномер толкува Устав и банира објави за бојкот на пописот

Факт-чекерот Вистиномер, кој е финансиран од фондација Отворено општество и американската фондација NED, банира фејсбук објава која повикува на бојкот на пописот, затоа што, според Вистиномер ја манипулира јавноста дека е дозволено да се бојкотира пописот кој преставува најобемниот извор на податоци за населението, домаќинствата, семејствата и живеалиштата, а кој оваа држава го нема спроведено 18 години.”

Понатаму Вистиномер додава дека „гласањето на Законот во Собранието го прави пописот апсолутно легитимен”

„Но, дали може секој вака произволно и флексибилно да го толкува Уставот – највисокиот правен акт во државата? Одговорот е не и затоа оваа објава ја оценуваме како невистинита.” – се наведува во нивната објава.

Се поставува прашањето од кога една невладина организација влечи легитимитет да толкува Устав и да цензурира информации врз основа на сопствените толкувања. Во оваа насока реагираше и активистката Олгица Трајковска која поднесе иницијатива за оценка на Методолгијата за пописот и до Уставниот суд.

Почитувани,

И ова ЧУДО го доживеав! Во просперитетна, слободна, демократска, нережимска Северна!Утрово, некој си „VISTINOMER“ ме извести дека погрешно сум го толкувала Уставот и сум наведувала на БОЈКОТ на Пописот!

Прво, никој, освен Собранието и Уставниот суд, не е овластен да го ТОЛКУВА Уставот! Па ниту јас, ниту некаков си „Вистиномер“!Второ, секој има уставно и меѓународно гарантирано право слободно да изнесува свои мислења, аргументи, ставови за секое прашање, па дури и да не е во право, а ЦЕНЗУРАТА според Уставот е забранета. Освен ако не врши кривично дело, за што „Вистиномер“ не е овластен да цени, а самиот, во случајов врши!

Трето,Никој, па ниту некаков си „Вистиномер“ има лиценца да квалификува нечие мислење кое се заснова на ЛИЧНО убедување, а не на мерливи факти. Мислењето не е 2 кг Вистина, и -3 кг Невистина! Четврто,Изјавувам, дека моето мерило на Вистината, реципрочно на мерилото на „Вистиномер“ – ИЗМЕРИ дека „Вистиномер“ погрешно го толкува Уставот, но врши противуставна, неовластена квалификација на моето мислење со цел – заплашување и ограничување на слободата на говор и мислење!

Прпа, а?!”

Почитувани, И ова ЧУДО го доживеав! Во просперитетна, слободна, демократска, нережимска Северна! Утрово, некој си…

Posted by Olgica N. Trajkovska on Thursday, 4 March 2021