Да го зачуваме Лисиче: Муцунски манипулира – Првиот протест ќе се одржи денес
Во Општина Аеродром тече постапката за ревидирање на првата и изработка на втора ревидирана верзија на Деталниот урбанистички план за дел од населбата Лисиче, информираат од општината. Се додава дека Комисијата за урбанизам во општината ги разгледа и прифати најголем дел од забелешките кои граѓаните ги доставија во рамки на јавната анкета. Но, со ова не се согласуваат граѓаните од иницијативата „Да го зачуваме Лисиче“.
Од иницијативата најавија одржување на закажаниот протест за денес и дека тие нема да се откажат од своите барања, додека обидот на Муцунски за амортизација на случајот го оценија како манипулација. Во прилог нивното соопштение:
„Соопштението на Општина Аеродром претставува обид ефтина МАНИПУЛАЦИЈА со јавноста! Денес Општина Аеродром искочи со соопштение дека наводно дел анкетните листови за предлогот ДУП-от за градска четврт ЈИ О9 01 се ‘прифатени’.
Ние жителите на Населба Лисиче сметаме дека ова е обид за манипулација на јавноста, пред утрешниот ПРОТЕСТ ПРОТИВ БЕТОНИЗАЦИЈА на ЛИСИЧЕ!. Нема да отстапиме од нашите барања за поништување на спорниот предлог ДУП и принципот дека во Лисиче НЕМА место за ЗГРАДИ.
Се гледаме утре на ПРОТЕСТ 17.30 кај крстот!“