АктуелноЛокално

Левица: Заради СДС цената на струјата расте

  • Реакција на Политичката партија Левица

Од 1-ви јули, СДС најавува покачување на стапката на ДДВ за струја од 10% на 18% и според неа, стапката постепено ќе се зголемува, иако е сè поизвесно дека ова ќе биде нагло покачување за 8%. Со ова ќе заврши примената на повластената стапка на ДДВ како мерка која се донесе за да се влијае на намалување на сметките за струја за домаќинствата во услови кога цените на берзите енормно се зголемија.

Енергетските компании доставуваат пресметки за трошоците до РКЕ, кои се потребни за формирање на новите цени на струјата во тарифните блокови, од кои одлучувачка ќе биде понудената цена од страна на ЕСМ кон ЕВН Хоме по објавен тендер, за која наводно РКЕ не може да влијание. Ова би значело дополнително зголемување на цената на електричната енергија, со што враќањето на евтината тарифа нема да го ублажи ценовниот шок и граѓаните ќе плаќаат поскапа струја.

Според финансиските извештаи, поголемиот дел од енергетските компании заработија повисоки профити од претходните години и покрај зголемените трошоци, приходите се значително поголеми. ЕСМ ја заврши 2022 година со 40,88 милиони евра добивка. Платите во енергетскиот сектор се повисоки од просечната за 24% и во март оваа година просечната исплатена нето-плата во овој сектор изнесува 43.316 денари.

Битиќи и покрај најавеното покачување тврди дека одлуките ќе бидат во полза на граѓаните, иако е јасно дека народот ќе плаќа многу повисоки сметки за струја, во услови кога стапката на инфлација и понатаму е двоцифрена, а платите на поголемиот дел од вработените се далеку пониски од просечната. Власта единствено се грижи за благосостојбата на функционерите и нејзините одлуки се во функција на олигарсите, на сметка на осиромашениот народ.

Намерата на власта е премногу очигледна, ќе испровоцираат реакции за покачување, за потоа да компензираат со тарифите на енергетските компании. Сето тоа е вештачки и еден ден балонот ќе пукне!