Трамп: Кокаинот е на Џо Бајден и син му

Aгентите на Тајната служба пронајдоа мала торба со патент со бел прав во западното крило, што предизвика евакуација на Белата куќа. Подоцна, претставник на Тајната служба потврди за Си-Ен-Ен дека правот всушност бил кокаин.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги посочи претседателот Џо Бајден и неговиот син како виновници за кокаинот во Белата куќа, сугерирајќи дека можеби им припаѓал нив. Според американските официјални лица, ниту еден од фамилијата Бајден не бил присутен во моментот кога бил пронајден кокаинот.

Коментирајќи го ова прашање, прес-секретарот на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, рече дека администрацијата на Бајден е уверена дека истрагата ќе биде успешна, истакнувајќи дека супстанцијата е пронајдена во многу фрекфентна област каде што редовно има многу посетители.

Сепак, поранешниот американски претседател Доналд Трамп понуди поинаков став за инцидентот.

„Дали некој навистина верува дека кокаинот пронајден во западното крило на Белата куќа, многу блиску до Овалната соба е за употреба на било кој друг освен на Хантер и Џо Бајден“, напиша Трамп во средата на својата страница на TruthSocial .

Тој, исто така, предвиде дека „Медиумите за лажни вести наскоро ќе почнат да кажуваат дека пронајдената количина е многу мала и дека всушност не е кокаин, туку одобрен лек како Аспирин и така приказната ќе се разводни“.

Трамп, кој ги објави плановите за реизбор минатата есен, не беше единствениот републиканец што ја исмејуваше американската администрација во борбата против дрогата.