Резолуцијата на Левица против фашизмот една година заглавена во фиоката на Џафери
- Реакција на Политичката партија Левица
Денес навршува една година откако пратениците на #Левица во Собранието ја поднесоа „Предлог-резолуција против рехабилитација и глорификација на фашизмот, нацизмот и нивните современи облици“, и истата, СПРОТИВНО НА ДЕЛОВНИКОТ, а согласно Софиската платформа, спикерот Џафери ја држи во фиока!
Во Резолуцијата се предвидуваат мерки и постапки кои е потребно Владата итно да ги преземе, со цел да го превенира и спречи историскиот ревизионизам, глорифицирањето на неофашистичките идеи и личности, како и промовирањето на мегаломанските великодржавни идеи, кои во последно време се сѐ поактуелни и присутни во јавноста на разни јавни настани, собири, свечености и прослави.
Игнорантското однесување кон Резолуцијата од страна на СДС и ДУИ е показател на нивните тенденција да ја релативизираат жртвата на партизаните дадена во НОБ, важноста на победата над фашизмот, како и отворена намера за прифаќање на ревизионистичките наметнувања, кои во рамки на Софиската платформа, се диригираат од бугарска страна.