АктуелноИнтернационално

Курти: Бехтел и Енка во Косово градеа нетранспарентно по надуени цени

Косовскиот премиер Албин Курти, во изјава за македонските медиуми дадена минатиот месец, кажа дека конзорциумот „Бехтел и Енка“ при градењето патишта во нивната земја биле наплаќани цени кои се многу повисоки од оние на пазарот.

„Јас не можам да го знам тоа, бидејќи за тоа е потребна конкретна анализа на конкретните договори. Во Република Косово пред повеќе од една деценија имаше апсолутен недостаток на транспарентност и имаше надуени цени кои беа многу повисоки од цените на пазарот.“

Говорејќи на оваа тема тој кажа дека при спроведувањето на овие процеси, транспарентноста била на многу ниско ниво, што овозможило сето ова да се спроведе.

„Јас не знам каква е сега ситуацијата во Македонија, но демократијата подразбира целосна транспарентност и подразбира детален надзор.“