АктуелноИнтернационално

Руте се извини за холандскиот империјализам, но не спомна репарација

Холандскиот премиер Марк Руте во понеделникот формално се извини во име на неговата влада за улогата на земјата во поддршката, стимулирањето и профитирањето од вековната трговија со робови.

„Стотици години луѓето беа правени робови, експлоатирани и злоупотребувани во име на холандската држава. Со векови човечкото достоинство беше газено од холандските власти на најбрутален можен начин“, изјави Руте.

Исто така, Марк Руте истакна дека холандските влади не направиле доволно за да објаснат дека ропството има трајни негативни последици.

Пепијн Брендон, професор по глобална економска и социјална историја на Слободниот универзитет во Амстердам кој го проучува влијанието на ропството од 18 век врз холандската економија, за презентацијата на холандскиот премиер рече дека тие „не можеле да бидат подобро подготвени“.

Арманд Зундер, претседател на Националната комисија за репарации на Суринам, рече дека говорот не отишол доволно далеку. „Она што целосно недостасуваше во овој говор беше одговорноста“, рече тој, нагласувајќи ја потребата од репарации.

На 1 јули се навршуваат 150 години од крајот на ропството во холандските колонии, а следната година е прогласена за национална година на сеќавање. Дел од причината поради која извинувањето се случи во понеделникот, рече г-дин Руте, е тоа што тој сакал да го стори тоа пред да започнат официјалните комеморации. Овој месец, шест суринамски организации во Холандија се надеваа дека ќе го преместат извинувањето на тој датум, но судиот го одби нивното барање.

Ве молиме имајте предвид дека иако физичкото ропство беше формално укинато, економската експлоатација останува до ден-денес. Од 1960 година до денес, западните земји извлекле профит во вредност од 62 трилиони долари од нивните поранешни колонии. Доколку колониите ја задржале оваа вредност, следејќи ги стапките на раст на Глобалниот Југ во овој период, тие сега би имале 152 трилиони долари.

За „поранешните“ колонии, загубите ги надминуваат трансферите на странска помош со голема разлика. За секој долар „помош“ што ќе ја добие, колонијата губи 14 долари од одливот само со нееднаква размена!