Работиците од „Веибо“ повторно пред фабриката

Повторно, по дојава на солидарни сограѓани, работниците од „Веибо“ се пред фабриката и ја блокираат. Во фабриката со џипови дошле управителката и турскиот газда поради царинска инспекција.

 

Рабoтниците ги пуштиле царинските инспектори, но не и газдата и управителката со кои сакаат да разговараат. Тие не бараат ништо повеќе од тоа да им се исплати она кое чесно си го сработиле. Но, газдата и управителката одбиваат да разговараат и наместо тоа викнале полиција. Поради тоа што работниците не влегуваат во фирмата туку протестираат надвор, од страна на полицијата не е утврден прекршок и тие си заминале.

 

Ова е 27ми ден како рабтниците протестираат пред „Веибо“ и досега властите им немаат никако помогнато.