АктуелноИнтернационално

Захарова: Украинските вооружени формации намерно удираат врз цивилното население

На 18 декември неонацистичкиот режим во Киев изврши уште едно варварско злосторство. Доњецк беше подложен на масовно гранатирање об страна на Вооружените сили на Украина (ВСУ). Речиси сите делови на градот беа погодени. Повеќе од 100 проектили од различен калибар беа истрелани врз цивилни и социјални цели од различни артилериски и ракетни системи, вклучително и западни. Посебен цинизам е ударот врз најголемата во ДНР болница Калинин.

Истиот ден, како резултат на артилериски напади од страна на ВСУ врз станбени области на Белгород, едно лице загина, а десет беа повредени. Погодени беа 75 домаќинства и индустриски обjекти.

Апсолутно е јасно дека украинските вооружени формации намерно удираат врз цивилното население. И ова не е случајност, туку намерна политика на криминалниот режим во Киев. Како што рече врховниот командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужни во интервју за Економист, задачата на ВСУ е „да убиваат Руси и други непријатели“.

Според достапните информации, за време на вчерашниот напад на Доњецк, ВСУ, меѓу другото, користеле и шведски хаубици „Archer“ („Стрелец“), кои се на тестирање. Ова е уште еден доказ дека САД и нивните сојузници во НАТО ја претворија Украина во вистинскиот полигон за тестирање во борбени услови на нивните напредни системи за оружје. Никој од нив не ни помислува дека цената на таквите „експерименти“ се човечки животи.

Сакаме целиот свет да знае за измамата и двојните стандарди на псевдодемократиите кои се подготвени да уништат десетици земји и да лишат цели региони од можноста за мирен развој исклучиво заради нивните себични интереси.