Колариќ: Предлог Буџет за должничко ропство – следува финансиска стагнација и нови задолжувања

  • Гостување на Координаторката на Сектор финансии при Левица – Јулијана Штрковска Колариќ во „Утрински печат“ во емисија со новинарот Срѓан Ивановиќ, околу новиот предлог-Буџет на Владата за 2023 година.

Со предлог-Буџетот за 2023 година ќе се предизвика уште поголем застој во капиталниот развој. Структурата на капиталните расходи од 2019 година се менува – парите за капитален развој одат во помош на приватни фирми и невладини организации наместо за развивање на инфраструктура од јавен интерес;

Иако јавниот долг и сега е алармантно огромен, сепак со овој предлог-Буџет се предвидува eдна третина од расходите да бидат покриени со нови задолжувања. Предлог-Буџетот во целост е инфлаторен и не носи во ДОЛЖНИЧКО РОПСТВО. Со ваков Буџет единствено ќе се зголемат цените, но не и потрошувачката, а со тоа дополнително ќе опадне и oнака нискиот стандард на живеење;

Со новиот Буџет јасно е дека нема економски развој, постојано се одложуваат роковите и се одолговлекува изведбата на стратешките инфраструктурни проекти. Одлевјќи пари за провизии Владата троши народни пари само поради ваквите одолговлекувања и неисполнувања на роковите предвидени во договорите, сето тоа поради нечија немарност и неспособнoст. Класичен пример за ова е раскинувањето на договорот за изградбата на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ за кој Министерството за здравство ќе треба да плати 8 и пол милиони евра;

Корупцијата е длабоко навлезена во секоја пора од општеството, според Транспаренси интенешнал степенот на корупција во Македонија е меѓу најлошите во Европа, на рамниште со Косово, а борбата со истата во реалноста не се чувствуваат никакви ефекти. Непотизмот исто така е широко распространет, а сивата економија се поголема;

Владата апсолутно не ги применува добрите практики од ЕУ, а во финансиската политика дури има анти-ЕУ расположение. Иако прогесивното оданочување е пракса во ЕУ, сепак владата не го применува;

Во однос на финансиските проблеми на Јавните Претпријатиј од локалната самоуправа, Колариќ истакна дека Владата треба да се заангажира за истите инвестираќи во нив со цел дејностите од јавен интерес исклучиво да ги вршат јавните претпријатија а не тие да бидат оставени во приватни раце каде доминира приватниот интерес за профит.