Последниот говор на Муамер ел Гадафи – основачот и лидер на Социјалистичката Народна Либиска Арапска Џамахирија

Гадафи владееше со Либија 42 години, и за тоа време Либија постигна неверојатен напредок на социјален, економски и политички план, и беше почитуван од многу африкански, арапски и светски држави. Исто така, Гадафи претставуваше важна анти-империјалистичка фигура, смело спротиставувајќи се на политиките на САД и западноевропските држави во Африка и Блискиот исток.

Жителите на оваа разрушена држава жалат по Гадафи и им недостасуваат старите добри денови на сигурност и благосостојба. Некогаш економски и социјално стабилната Либија на Гадафи, денес е уништена од конфликти, бомбашки напади и континуирани судири меѓу разни вооружени групи. Тоа е единствено резултат на НАТО инвазијата врз оваа северноафриканска држава. И тоа е заклучокот кој се’ повеќе и повеќе Либијци денес го сфаќаат. Во продолжение е последниот говор на Муамер ел Гадафи, пред да биде брутално мачен и убиен.


„Во име на Алах, севишниот и милостив…

Четириесет години дадов сѐ од себе за на народот да му обезбедам место за живеење, болници, школи и храна. Дури и во Бенгази, од пустина направив плодно земјиште.

Одолеав на нападите на каубоецот Роналд Реган, кога ја уби мојата посвоена ќерка и проба и мене да ме убие. Помагав на нашите браќа и сестри во Африка со севкупна поддршка за Афричката Унија. Направив сѐ да помогнам на луѓето да го сфатат концептот на вистинската демократија, каде народните комитети ја водеа нашата земја.

Слика која покажува како на 1 јули 2011 година, во поддршка на Гадафи и против воената интервенција на Обама врз Либија, во Триполи, протестираа над еден милион луѓе.

Но, изгледа на некои не им беше доволно, дури и на оние кои изградија и по 10 соби во своите куќи и уживаа во луксузна храна и мебел. Никогаш не се задоволија, беа себични и сакаа сѐ повеќе. Им говореа на Американците и другите посетители, дека сакаат „демократија“ и „слобода“, но, не разбираа дека тоа е убиствен систем каде што „најскапата риба ги јаде другите“ ,не разбираат дека во Америка нема бесплатни лекови и здравство, бесплатно образование и бесплатна храна, освен кога луѓето просат и стојат во ред пред народните кујни.

Она што го постигнав на некој не му беше доволно, но, другите знаат дека сум син на Џамал Абдул Насер, единствениот вистински aрапски лидер, што Aрапите го имаа уште од времето на големиот Салахудин. Насер, кој го врати Суецкиот канал на својот народ, како што јас ја вратив Либија за својот. Пробував да одам по неговите чекори за и мојот народ да биде ослободен од колонијална доминација и крадците кои нѐ крадеа!

Сега сум на удар на најголемата воена сила во историјата, Обама сака да ме убие, да ни ја одземе слободата, да ни го земе бесплатното здравство, домување, образование, храна и да го замени со кражбата наречена „капитализам“. Но, сите ние од Третиот свет, знаеме што тоа значи – тоа значи корпорациите да ни ги водат државите, да ни го водат светот, а народот да страда. Така што, за мене не постои алтернатива, морам да се борам, и ако Алах така сака, ќе умрам следејќи го неговиот пат што нашата земја ја обогати со земјоделско земјиште, храна и здравје и ми овозможи да им помогнам на нашите браќа и сестри во Африка и Арабија.

Гадафи со Фидел Кастро

Не сакам да умрам, но, ако е тоа цената за да ја спасам оваа земја, овој народ и моите и нашите деца, така и нека биде! Нека ова биде мој завет на светот, доказ дека се спротиставив на крстоносните напади на НАТО и на целиот Запад и неговите колонијални амбиции, и до крај стоев со моите арапски и афрички браќа. 

Додека другите градеа дворци, јас живеев скромно во шатор. Никогаш не ја заборавив својата младост во Сирт, никогаш не го трошев залудно нашето национално богатство, и исто како и Салахудин, со себе не земав ништо.