Денот на човековите права и злосторствата на САД
Вчера беше одбележан Денот на човековите права, како потсетување дека таканаречената меѓународна заедница е неспособна да ги заштити човековите права кога како главен агресор се јавува НАТО и стратешките интереси на САД. Во продолжение презентираме мал дел од злосторствата извршени од САД, за чии жртви сè уште нема никаква правда.
1. Во март 2019 година, американски дронови бомбардираа толпа цивили во Багуз, Сирија. Операторите на дроновите во воздухопловната база во Катар иако препознаа дека се работи за цивили, сепак ги бомбардираа, убивајќи над 70 цивили, што беше најголема бројка на цивилни жртви во војната против ИСИС.
2.Во 2008 година, американски воздушен напад масакрираше најмалку 47 цивили, вклучувајќи 39 жени и деца, кои ја придружуваа невестата на нејзината свадба во Хаска Мејна, Авганистан. Во нападот загина и младоженката. Неколку недели подоцна, во друг американски напад загинаа 90 цивили во Азизабад.
3. Во 2005 година, американските маринци започнаа петчасовна престрелка во ирачкиот град Хадита, убивајќи 24 невооружени цивили, вклучувајќи жени, постари лица и деца. Некои од жртвите се девојчиња на возраст од 1, 3, 5, 10 и 14 години.
4. Во 1993 година, американските воени сили започнаа воздушен и копнен напад врз состанокот на сомалиските старешини, кои беа собрани да разговараат за мировен договор. Загинаа 54 цивили, а трагедијата во Сомалија е запаметена како „црн понеделник“.