За срамот и Џабир Дерала

Статус на проф. Љубомир Цуцуловски.


Во вчерашниот пост нагласив дека кога секој (ама баш секој) би го кажувал тоа што го мисли, кога нештата би ги именувал со вистинското име, кога на крадецот ќе му се каже крадец, на тапавиот тапак, на лагата лага… дека тогаш работите ќе почнат да се менуваат или дека барем ќе бидат на пат да се менуваат. Меѓутоа, потребно е да постои еден услов – оние на кои вистината им се кажува в лице да го задржале во себе елементарното чувство за срам.

„Вие ме гледате пријателе, смешкајќи се, и прашувате што се постигнува со срамот? Од срамот, додавате, не се создава револуција. Јас ви одговарам: срамот е веќе револуција. Срамот претставува вид гнев, кој е свртен кон себе. И, кога целата нација би се срамела, тогаш таа би била лав кој се повлекува, пред да скокне.“
(Карл Маркс во писмото до Арнолд Руге од март 1843. Тогаш Маркс имал само 25 години.)

Срамот (меѓутоа, не кој било срам, туку срамот од себе) навистина претставува вид на револуција. Тој наликува на гневен лав кој, незадоволен од себе, се подготвува за наредниот скок. Срамот од себе е гнев кон себе, како резултат од искреноста кон себе. Тој е резултат на самоисповед. Меѓутоа, кај нас, и тоа го нема. Вчера, во јавната расправа за предлог-законот за ЈО, Џабир Дерала не само што ги предупреди пратениците дека ако е треба повторно ќе излезат на улица, некажувајќи кои се т и е, туку рече дека овој парламентарен состав ќе бил запаметен само (!?) според крвавиот напад врз Парламентот од 27.04.2017.

Како може човек од ваков „калибар“ да ги заборави сите заслуги на овој собраниски состав? Каде е двојазичноста, каде е договорот од Нивици, каде е договорот со Бугарија, каде е Тиранската платформа, каде е менувањето на името, каде е законски проблематичното конституирање на овој Парламент токму на 27.04.2017, вклучувајќи го и изборот на неговиот претседател? Како може сите овие храбри и историски „заслуги“ да ги заборови и сѐ да сведе само на вториот дел од 27.04.2017 година? Заборавил или се работи за недостиг на срам? Патем, од кого и за што е финасирана невладината организација „Цивил – Центар за слобода“, во која Дерала е на раководни функции од нејзиното формирање 1999 година? Тоа се цели две децении.

СРАМ. Во вчерашниот пост нагласив дека кога секој (ама баш секој) би го кажувал тоа што го мисли, кога нештата би ги…

Публикувахте от Љубомир Цуцуловски/Ljubomir Cuculovski в Четвъртък, 30 януари 2020 г.