Пецаков ушти молчи за отстранетата плоча од НОБ и вандализмот на Нефи Усеини

Поминаа десетина дена откако во Охрид e oтстранeта спомен плочата од НОБ пред градбата на Димитар Влахов, чиј изведувач е компанијата Нефи ИК, во сопственост на функционерот на ДУИ Нефи Усеини, за кого ДПМНЕ тврдеше дека ќе стави крај на неговите криминали, вели Виолета Аврамовска од Левица.

-Спомен плоча која сведочи дека во таа куќа на 26 и 27 ноември 1941 година биле осудени со смртна казна и казна затвор неколку комунисти поради организирање вооружено востание на македонскиот народ против бугарскиот фашистички окупатор и антифашистичката определба на македонскиот народ за време на Втората светска војна. И покрај бурните реакции на Охриѓани, до денес не се огласи ниту Општина Охрид, ниту градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, со реакција и со осуда на овој вандалски чин. Кому во Охрид му пречи овој дел од македонската историја на македонскиот народ? Кому му пречи народно ослободителната борба на македонскиот народ и неговата антифашистичка определба?

Зошто молчи Општина Охрид и градоначалникот на Општина Охрид во врска со овој вандализам и зошто со нивниот молк го газат достоинството на Охриѓани и достоинството нa македонскиот народ, прашува Аврамовска.